Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА ФИРМА НАПРАВИ ДОБИВКА ОД 180 ИЛЈАДИ ЕВРА СО 15 ВРАБОТЕНИ – дивиденда за акционерите не се планира
Економија

КОЈА ФИРМА НАПРАВИ ДОБИВКА ОД 180 ИЛЈАДИ ЕВРА СО 15 ВРАБОТЕНИ – дивиденда за акционерите не се планира

12/04/2024

AA

Добивката е 180 илјади евра, и од неа нема да се дели дивиденда за
акционерите на компанијата. За оваа одлука ќе се гласа на Собранието на акционери на „Макошпед“, кое
треба да се одржи во мај оваа година, но точниот датум не е прецизиран, иако е
објавен јавен повик за одржување на собранието.

Само за илустрација, ако добивката на „Макошпед“ лани изнесувала 180
илјади евра, во претходната 2022 година таа достигнала фантастични 2,8 милиони
евра, па затоа и минатата година се бележи како пад на профитот за цели 94
проценти. 
Иако, и од самото претпријатие во своето образложение на финансискиот
резултат објаснуваат дека добивката во 2022 година била толку огромна поради продаден имот на компанијата, што, пак, е прокнижено под ставката
останати оперативни приходи.

Значи собранието на акционери на седницата во мај ќе треба да гласа
добивката да остане нераспределена, односно акумулирана за наредниот период.

„Остварената
нето добивка на Друштвото за финансиската 2023 година изнесува 11.050.202
денари (180 илјади евра-н.з.) и
истата останува нераспределена (акумулирана)“, се вели во предлог одлуката за која треба да гласа
Собранието.

А, на собранието акционерите ќе треба да гласаат и за избор на нов
неизвршен член на Одборот на директори на компанијата. Не се знае кој ќе биде
изборот, бидејќи неговото име засега не е наведено во предлог одлуката. Веројатно
ќе се чека извесен период за тоа да се обзнани, или, пак, јавноста за изборот
на нов член на Бордот ќе биде информирана по завршувањето на акционерското
собрание. 
Тој ќе дојде на местото на Никола Лазаров, кој пред неколку дена поднесе
оставка од таа позиција, за што пишуваше Фактор. 
Како што стои во предлог одлуката, мандатот на членот ќе трае до
истек на мандатот на останатите членови на Одборот на директори, односно до 20 мај идната година.

Она што е интересно, е дека функцијата неизвршен член на Одборот на директори
се врши за скромен месечен надоместок од 100 евра, односно 6.000 денари.

А, собранието на акционери ќе го одобри извештајот за резултатите од
контролата на работењето на друштвото на неизвршните членови на Одборот на
директори.

Акционерите ќе гласаат и за годишниот извештај, во кој извршниот директор
на компанијата, Стефан Станкоски, информира дека земајќи го предвид економскиот амбиент во
изминатата 2023 година, друштвото
се ангажирало максимално да ги искористи ресурсите за
задржување на постоечките и придобивање нови коминтенти преку прилагодливост и
флексибилност кон нивните потреби, како и со искуството и
препознатливоста на брендот во областа на организација на меѓународен и локален
транспорт, јавно и царинско складишно работење како и менаџирање на сопствен
простор.

Она што е интересно од тој годишен извештај е дека во „Макошпед“ работат
вкупно 15 лица, од кои 12 се во редовен работен однос, а тројца се на
неопределено време.

Инаку, во финансискиот план за годинава од друштвото
нагласиле дека ќе прават напори за зголемување на продуктивноста и
ефикасноста и задржување на профитабилноста на друштвото. Врз
овие основи, во 2024 година се планира да се остварат вкупни приходи во износ
од 508 илјади евра, а од нив на
оперативни приходи ќе бидат 407 илјади евра. 
Останатите 100 илјади евра се планира да се земат од
банките, во форма на камати од орочени депозити, со оглед на тоа дека
друштвото има вложено значителен износ на средства во орочени денарски депозити
во деловни банки, од кои се очекуваат
овие финансиски
приходи.

Макошпед годинава очекува добивка од 117 илјади евра,
која ќе биде уште пониска од ланската 2023 година.

Најголеми акционери во „Макошпед“ се кавадаречкиот бизнисмен Илија
Гечев преку неговата компанија „ИГМ Трејд“, „Мепком“ на Кочо Моцан и скопската
компанија „Уготур“ кој порано беше дел од скопската железарница задолжена за
исхрана на вработените во најголемата скопска компанија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy