Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која е обврзницата што ќе може да се купи на Берза и носи годишна камата од 9 отсто до 11 отсто?
Економија

Која е обврзницата што ќе може да се купи на Берза и носи годишна камата од 9 отсто до 11 отсто?

27/12/2023

AA

Супер обврзницата (од аспект на приносот што го носи н.з.) односно перпетуалната обврзница на нашиот пазар прва ја издаде Уни банка во 2019 година. Сега, четири години подоцна, таа обврзница е прв продукт на новиот сегмент на тргување на Берзата достапен за сите што би сакале да ја купат. Овој потег оваа банка ја прави пионер во корпоративната историја на македонските хартии од вредност. Уникатен атрибут на овој финансиски инструмет е тоа што нема рок за достасување од што и иде нејзиното име „перпетуална“

Историски ден на Македонската берза во нејзината 25 годишна корпоративна историја. УНИ Банка најави, а КХВ одобри да почне да се тргува првата македонска перпетуална обврзница која е издадена од УНИ Банка.

Овој финансиски инструмент е прва хартија од вредност што ќе се тргува на новоформираниот пазарен сегмент кој се вика Котација на други хартии од вредност и е достапен на следниот линк https://mse.mk/mk/issuers/other-securities-listing

Перпетуалната обврзница е особена и единствена по тоа што кај овој финансиски инструмент нема рок на достасување. Токму од овој атрибут и доаѓа името перпетуална односно народски кажано безвременска.

За прв пат оваа обврзница на нашиот пазар ја издаде УНИ Банка во 2019 година. Тогаш издадените обврзници беа наменети за приватни инвеститори и немаше план да се котираат на Македонската берза. До сега се издадени три емисии од овие обврзници.

Според наведеното во проспектот станува збор за 5.000 обврзници во вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Нивната поединечна номинална вредност е 1.000 евра.

Банката има обврска на сопствениците на овие обврзници да им исплаќа каматна стапка од 9 отсто годишно, а по петтата година годишниот принос ќе биде 11 отсто годишно. А тоа е исклучително добар принос.

Приносот на имателот на обврзницата му се исплаќа два пати во тек на година. Првиот пат е на 22 јануари, а вториот пат е на 22 јули, што значи во период од шест месеци од првата до втората исплата.

Детално за се што може да ве интересира за првата македонска перпетуална обврзница може да прочитате на следниот линк: https://mse.mk/Repository/Catalogues/MK/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%BA%D1%82%20(FINAL)_20.02.2019.pdf

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy