Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која државна институција, во очи избори, унапреди 8% од сите вработени?
Економија

Која државна институција, во очи избори, унапреди 8% од сите вработени?

05/02/2024

AA

Државниот завод за статистика (ДЗР) во два огласи унапреди вкупно 21 лице меѓу кои четворица станаа раководители на одделенија и сектори, а 19 лица се унапредени во соработници, виши соработници и советници

Соработник, виш соработник, советник и раководител ова се новите звања во систематизацијата за 23 вработени лица кои добија унапредувања од Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статитистика.

Во два процеси односно огласи Државниот завод за статистика унапреди вкупно 23 лица од кои четворица станаа раководители, а другите 19 вработени се поместени нагоре во соработници, виши соработници или советници.

Државниот завод за статистика, според официјалните податоци, достапни на неговата веб страница има вкупно 288 вработени лица. Со овие два огласи и одлуки дури 8 отсто од сите нив добија унапредување. Постапката е завршена во очи претстојните претседателски и парламентарни избори во кои не може да се започнува ниту врши вработување или унапредување во органите на државната администрација.

Инаку двата огласи биле распишани за унапредување на четворица вработени во раководители на сектори и одделенија и уште 21 вработо лице  кои требало да бидат унапредени во соработници, виши соработници или советници.

На огласот за раководители се избрани четири лица за сите понудени раководни места. На другиот интерен оглас за соработници, советници и виши соработници биле избрани 19 лица, а за две биле поништени огласите. 

За волја на вистината на ДЗР мора да му се признае дека целосно и транспарентно ги има ставено на јавен увид одлуките за унапредување и тие се достапни на следните линкови https://www.stat.gov.mk/pdf/konkurs/Odluki_012023_25012024.pdf и на https://www.stat.gov.mk/pdf/konkurs/Odluki_022023_25012024.pdf

ДЗР секако важи за една од најтранспарентните државни инстутиции чија работа е јавно мерлива и видлива според бројот на објави и статистички извештаи кои ги пласираат за потребите на јавноста.

Државниот завод за статистика  е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество.

Државниот завод за статистика е лоциран во Скопје и во институцијата работат 288 лица (195 во Централниот завод  и 93 лица во 8-те регионални одделенија).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy