Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клучна победа за Македонија: Ивановски и Мицов обезбедија триумф над Молдавија во Дејвис купот
Македонија

Клучна победа за Македонија: Ивановски и Мицов обезбедија триумф над Молдавија во Дејвис купот

12/06/2025

AA

Македонската тениска репрезентација попладнево забележа голема победа во третото коло од Дејвис купот, откако Калин Ивановски и Стефан Мицов триумфираа во драматичната дубл пресметка против Молдавија, носејќи ѝ на Македонија вкупна победа од 2-1.

Првиот поен за македонскиот тим го донесе Стефан Мицов во сингл дуелот, по што Молдавија успеа да израмни. Одлучувачки беше мечот во двојки на Централниот терен на ТК „Југ“, каде што Ивановски и Мицов покажаа борбеност и зрелост во клучните моменти.

Во првиот сет до 3:3 немаше брејкови, но македонскиот пар потоа направи пресврт и со резултат од 6:4 го освои воведниот сет. Иако добро го започнаа вториот сет и поведоа со 2:0, противничкиот пар возврати со брејк и дојде до водство од 4:3. Сетот се решаваше во тајбрејк, каде што македонските тенисери имаа две меч топки, но контроверзна ситуација кај поен во кој двајцата молдавски тенисери ја удрија топката не беше санкционирана од судијата, па Молдавија го освои сетот.

Во одлучувачкиот трет сет, Ивановски и Мицов направија брејк во четвртиот гем и го одржаа водството до крај, победувајќи со 6:3. Целиот меч траеше 2 часа и 17 минути.

Со овој триумф Македонија сега има биланс од две победи и еден пораз, исто како Молдавија и Црна Гора, и се доближува на чекор до пласман во Втората Светска група.

Табела по 3. коло:

Летонија 3-0

Црна Гора 2-1

Молдавија 2-1

Македонија 2-1

Малта 0-3

Ерменија 0-3

Македонија утре ќе се соочи со аутсајдерот Ерменија во натпревар од четвртото коло и има шанса дополнително да го зацврсти својот пат кон Втората Светска група.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy