
Клоп брутално искрен: Ова да ми беше прва сезона, сигурно ќе добиев отказ!
Оваа сезона во Премиерлигата беа доделeни рекорден број на откази, Брендан Роџерс и Грем Потер се последните тренерски жртви.
„Доколку ова ми беше прва сезона во Ливерпул, сигурно ќе беше поинаку“, вели Јирген Клоп, кој е на пат да ја има најлошата своја сезона на „Енфилд“.
„Свесен сум дека седам тука само поради моето минато, а не поради тоа како играме оваа сезона“.