Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиника Жан Митрев споредена со Mayo Clinic, по третпат го доби Златниот печат од Joint Commission International
Македонија

Клиника Жан Митрев споредена со Mayo Clinic, по третпат го доби Златниот печат од Joint Commission International

11/12/2023

AA

По третпат Златен печат од Joint Commission International за Клиника Жан Митрев. Со оваа ре-сертификација потврдено е уште еднаш дека здравствената институција поседува највисоки стандарди од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите.

„Од анализата утврдивме дека Клиника Жан Митрев има капацитет и потенцијал да биде Mayo Клиника не само на Балканот туку и за Европа. Има голем капацитет во операционите сали и експертиза на докторскиот персонал, функционален систем за електронска евиденција на здравствените податоци, голема посветеност и професионалност на лекарите и вработените и најважно од сѐ оваа болница има одлично раководство“, истакна д-р Мајкл Нјин, член на комисијата за акредитација од Joint Commission International.

Оваа потврда ја постави уште еднаш Клиника Жан Митрев на еднакво рамниште со останатите акредитирани институции во светски ранг. Работата на Клиниката Жан Митрев ја оценуваше тричлената комисија од Чикаго каде што е седиштето на Joint Commission International.

„Евалуацијата за акредитација вклучува 1200 мерливи елементи и според извештајот завршната оценка е дека се исполнети сите услови. Во добивањето на реакредитацијата посебно внимание се посветува на подобрување на работата на болницата од претходната реакредитација, а овде е евидентно големо унапредување на сите процеси. Целосната работа, функционирањето, квалитетот и безбедноста на пациентите и персоналот е на исклучително високо ниво и соодветно за добивање на Златен печат на Joint Commission International“, истакна г-ѓа Брит Де Кордие, член на комисија за акредитација од Joint Commission International.

Заклучок на извештајот врз основа на кој се доби ре-акредитацијата е дека Клиника Жан Митрев ја претставува својата земја и меѓународната медицинска пракса на многу високо ниво.

„Да се биде дел од JCI акредитираните болници е престиж во светски рамки. Но, оваа акредитација за нас значи многу повеќе бидејќи ја добиваме во една парадоксална ситуација каде сме обвинети за нашиот успех и за нашиот квалитет. Целиот тим на Клиника Жан Митрев понесе огромен товар за време на пандемијата, најтешките пациенти со Ковид компликации ги видовме тука, на нашата интензивна нега. Постигнавме огромни резултати со големо залагање и спасивме голем број пациенти. Нашата работа не застанува тука, ние продолжуваме понатаму максимално посветено да се грижиме за доброто на нашите пациенти“ истакна д-р Жан Митрев.

Клиниката за прв пат доби JCI акредитација во 2017 година, за по три години во 2020 година во екот на Ковид пандемијата да биде една од неколкуте болници во светски рамки која не ја одложи акредитацијата, туку и беше реакредитирана. Оваа акредитација е трета по ред која помина без забелешки.

JCI е формирана во Америка во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy