Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Плакета и почесно членство за министерката Петровска од Клубот на генерали, во знак на благодарност за поддршката на ова здружение кое е важен дел од одбранбениот систем
Македонија

Плакета и почесно членство за министерката Петровска од Клубот на генерали, во знак на благодарност за поддршката на ова здружение кое е важен дел од одбранбениот систем

11/12/2023

AA

Денеска во Клубот на генерали, здружение чии членови се пензионирани и активни генерали во Армијата на Република Северна Македонија, претседателот на здружението, генералот во пензија Павле Арсоски на министерката за одбрана Славјанка Петровска и врачи Плакета и почесно членство, во име на одличната соработка помеѓу Министерството и Клубот, како и континуираната поддршка од страна на министерката за ова здружение кое е важен сегмент во одбранбениот систем.

Министерката Петровска при посетата на Клубот истакна дека од искуството на пензионираните генерали бенефит имаат и одбраната и Армијата и изрази задоволство што членовите на ова Здружение активно придонесуваат кон развојот на одбранбениот систем.

„Во изминатите две години како министерка за одбрана имав целосна поддршка и од активните и од пензионираните генерали. Заедно постигнавме голем успех и видливи резултати”, рече министерката.

Петровска додаде дека целите на Здружението целосно се совпаѓаат со целите и визијата на Министерството за одбрана и изрази очекување заедничката работа да продолжи и во иднина.

Членството во НАТО е и ваша заслуга, рече министерката и ги повика членовите на Здружението да останат будни и со свои коментари, сугестии и критики да помогнат во развојот на одбраната и Армијата.

Генералот во пензија Павле Арсоски се заблагодари за поддршката од министерката Петровска и Министерството во обезбедување на простории за Клубот на генерали следните 10 години и порача дека пензионираните и активни генерали, членови на Здружението продолжуваат да бидат активни во споделувањето на искуства и знаење во развојот на одбраната.

Клубот на генерали брои 33 членови. Здружението досега со помош на Министерството организираше поголем број на активности, вклучувајќи ја и минатогодишната научна конференција организирана по повод 30-годишнината на Армијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy