Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни
Македонија

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни

01/03/2024

AA

Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење.

Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на современите медицински услуги во Македонија и започнува континуираното подигнување на стандардите на здравствена услуга и нега.

„Мене ми се гледа како да беше вчера кога започнавме со работа, а во суштина кога ќе се навратам сме поминале многу овие 24 години. На шега велам дека ќе почнам да пишувам мемоари како сме почнале и до каде сме стигнале, но навистина од една просторија сега пред нас имаме клиника со највисоки стандарди во регионот. Да се опстои и да се расте и развива клиника беше вистински предизвик бидејќи имавме и се уште имаме пат исполнет со многу препреки, опструкции. И покрај се одиме напред и кај нас се знае дека пациентот добива врвна медицинска услуга. Нашиот успех се мери со успешните приказни на нашите пациенти, со бројот на оперативни зафати, примена на современи методи и поставување на највисоки стандарди во здравствената нега признати на светско ниво од најреномирани здравствени инстанци“, изјави д-р Жан Митрев осврнувајќи се на 24 години од постоењето на Клиниката.

Денес, Клиника Жан Митрев претставува регионален современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќе медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Гo поседува сертификатот Златен печат за здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите доделен од Joint Commission International споредувајќи ја македонската Клиника Жан Митрев со Мајо Клиника. Сертификатот се доби по третпат во континуитет од седум години.

Досегашното работење на Клиника Жан Митрев е обележано со над 40 000 операции, вклучувајќи ги револуционерните методи во современата медицина како првата операција на отворено срце врз буден пациент направена во 2002 година, TAVI–Transcatheter Aortic Valve Implantation револуционерен метод за замена на срцев залисток/ валвула и TEVAR, сложен хибриден зафат на торако-абдоминалната аортна аневризма како и третмани на вродени срцеви заболувања. Направени се повеќе од 1 милион прегледи и над 400 000 пациенти се лекувале во клиниката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy