Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања
Македонија

Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања

01/03/2024

AA

Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (CBD/THC), во третман на болка“. Во рамките на настанот домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања кој во повеќе земји се во напредна фаза, зборуваа и за досегашните клинички искуства од третманот на пациенти во различни медицински области.

 

Во рамките на едукативниот настан свое излагање имаше и доктор Силвиу Брил, директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел.  Д-р Брил е копретседател на Работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка.

Едукативниот настан го отвори претседателот на Македонската ревматолошка асоцијација, м-р д-р Мимоза Николовска Котевска, а е поддржан од Реплек АД Скопје, прва компанија во земјава која започна со производство на препарати кои содржат екстракти од канабис (CBD/THC). Доцент д-р Филип Гучев од Универзитетската клиника за ревматологија во рамките на своето стручно излагање се фокусираше на клиничката употреба на екстракти од канабис во третманот на ревматолошките болести.  За употребата на препарати со екстракти од канабис (CBD/THC) во третман на онколошки пациенти зборуваше д-р Милан Ристески, кој има долгогодишно искуство во клиничката онкологија, а бил дел од истражување во областа, а има објавено и низа трудови за унапредување на онколошката нега.

Реплек АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати кои содржат екстракти од канабис на домашниот пазар, правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи кои содржат различни концентрации на CBD и THC, со што се овозможува поширока примена во третманот на различни здравствени состојби.

Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса , при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами

23/09/2026
Македонија

ГРУБИ ДАВАШЕ ЗАБЕЛЕШКИ НА ДОКАЗИТЕ ШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИЗНЕСУВАШЕ ПРОТОВ

23/09/2026
Македонија

ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45751
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК Присуствува и македонската делегација предводена

23/09/2026

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ ПАТУВААТ Целта на контролите е

23/09/2026

Има бројни злоупотреби на боледувањата и целта на измените е тие да се спречат, има ситуации во кои луѓе се

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3 ДО 5 ГОДИНИ Ќе се

23/09/2026

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација со западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести. Значи, четврти ден нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy