Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Во 2025 година направени речиси 14.000 хируршки интервенции за тумори
Македонија

Клековски: Во 2025 година направени речиси 14.000 хируршки интервенции за тумори

04/02/2026

AA

Раното откривање и третманот на канцерот во земјава бележат зголемена активност, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување за 2025 година. Во текот на годината биле извршени речиси 14.000 хируршки интервенции за бенигни и малигни тумори, од кои околу 8.000 се однесуваат на ин ситу или суспектен карцином, соопшти денеска директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Податоците беа презентирани на прес-конференција по повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 Февруари, на која Клековски се осврна на напредокот во раната дијагностика, обемот на хируршките зафати, како и на новините во дијагностичките и терапевтските процедури.

Директорот на ФЗО истакна дека во текот на минатата година посебен акцент бил ставен на зајакнување на системот за рано откривање на болеста, преку набавка на современа медицинска опрема и зголемување на бројот на превентивни и дијагностички прегледи.

„Комплетни интервенции и прегледи за дојка, вклучувајќи мамографија, ултразвук, магнетна резонанца и биопсија, во 2025 година се реализирани над 13.000. Ендоскопските прегледи – ректоскопии, гастроскопии и колоноскопии – изнесуваат речиси 18.000, но морам да кажам дека не сме задоволни од бројот на направени колоноскопии, имајќи предвид дека сите граѓани над 50 години треба да направат една превентивна колоноскопија“, изјави Клековски, апелирајќи граѓаните да ја користат оваа можност.

Според официјалните податоци на ФЗО, во 2025 година биле извршени вкупно 17.581 ендоскопски преглед, од кои 7.096 колоноскопии и 9.807 гастроскопии. Во делот на дијагностиката на дојка биле реализирани 13.042 услуги, при што најголем дел се мамографии – 7.076.

Клековски нагласи дека е постигнат значителен напредок во областа на патологијата и молекуларната дијагностика, со зголемување на буџетите за Институтот за патологија и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и со вклучување на Природно-математичкиот факултет во мрежата. Сепак, тој предупреди дека и покрај новите вработувања и доделените четири специјализации, постои сериозен недостиг на стручен кадар, особено во внатрешноста на државата.

„Добра вест е што има нови вработувања на Клиниката за радиотерапија и онкологија и на Институтот за патологија, со четири нови специјализанти. Лошата вест е што на два последователни огласа за патологија, за вкупно пет работни места, не се пријави ниту еден кандидат“, истакна Клековски.

И покрај кадровските предизвици, во 2025 година во земјава биле изработени над 20.000 хистопатолошки анализи и речиси 2.000 молекуларни и генетски истражувања. Како значајна новина, Клековски го најави воведувањето на рефлексно тестирање, кое треба значително да го скрати времето од потврда на дијагнозата до генетската анализа.

Во делот на онколошката терапија, директорот на ФЗО информираше дека буџетот за лекови во 2025 година е зголемен за 70 отсто во однос на претходната година, со цел да се обезбеди континуитет во лекувањето. Тој укажа и на потребата од итно ажурирање на официјалните водичи за лекување, кои не се обновени од 2008 година.

Клековски посочи дека ПЕТ-центарот има клучна улога во проценката на ефикасноста на скапите терапии, наведувајќи дека во 2025 година биле направени над 2.007 ПЕТ-снимки, а целта е тој број да достигне меѓу 5.000 и 6.000 годишно.

Во хируршкиот сегмент, статистиката покажува дека во текот на годината биле извршени 13.993 операции на тумори во органски системи, како и 7.907 операции на ин ситу и сомнителни неоплазми.

„Ова е сериозен обем на работа што нашите хирурзи успеаја да го реализираат и заслужуваат признание за тоа“, оцени Клековски.

Во однос на листите на чекање и пристапот до иновативни терапии, директорот на ФЗО нагласи дека мора да постојат јасни и еднакви критериуми за сите пациенти.

„Не смее да има поповластени или привилегирани граѓани. Системот мора да биде фер и еднаков за сите“, порача Клековски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy