Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кинескиот гигант за недвижности „Евергранде Груп“ оди во ликвидација, должи 300 милијарди долари!
Економија

Кинескиот гигант за недвижности „Евергранде Груп“ оди во ликвидација, должи 300 милијарди долари!

30/01/2024

AA

Оваа вст ќе ја зголеми несигурноста на финансиските пазари особено на Далекиот исток, но и глобално

Надлежниот суд во Хонг Конг донел одлука да се ликвидира втората најголема кинеска компанија за недвижен имот „Евергранде Груп“ која должи 300 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

Аналитичарите на финансиските пазари проценуваат дека оваа ликвидација ќе предизвика паника на берзите на далечниот исток, а на прв потег загуба за сите инвеститори кои се обложувале дека „Евергранде“ ќе го преживее овој критичен момент и дека ќе биде понуден план за реструктуирање.

Кризата со „Евергранде“ започна во средината на август лани кога компанијата објави банкрот. По петмесечна судска постапка надлежниот суд во Хонг Конг одлучи да прогласи ликвидација за оваа компанија. Според податоците објавени од „Ројтерс“ последната проценка на средствата со кои располага кинескиот гигант за недвижности покажала дека тие вредат 240 милијарди долари. Проценката е од 2021 година.

Ликвидацијата значи дека целокупниот расположлив имот на „Евергранде“ оди на продажба.

Кој е „Евергранде“?

Според официјални јавно достапни податоци од „Википедиа“ кинески гигант за недвижности би специјализиран за инвестиции во висококатници и облакодери. Тој оперирал на кинескиот пазар на недвижности кој во изминативе години е најголем риал естејт пазар во светот. „Евергранде“ е основана и има седиште на Кајманските острови кои се светски познати на оф-шор економска зона (локација на која не се бара потекло на капиталот н.з.). Кајманските острови се под британска јурисдикција. Компанијата била основана во далечната 1996 година од кинескиот бизнисмен Хуи Ка Јан поранешен милијардер.

Во 2018 година „Евергранде Груп“ беше прогласена за највредна компанија за недвижен имот во светот. Во големата криза во секторот на недвижен имот во Кина токму оваа компанија прва покажа знаци за неликвидност, две години потоа објави банкрот, а од вчера е во ликвидација.  

Извор и фото China Evergrande ordered to liquidate in landmark moment for crisis-hit sector

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy