
Кинескиот амбасадор шокира со својата изјава, доаѓаат реакции
Франција и балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија во неделата изразија вознемиреност од коментарите на кинескиот амбасадор во Париз кои го доведуваат во прашање суверенитетот на поранешните советски земји, како што е Украина.
На прашањето дали Крим е дел од Украина или не, кинескиот амбасадор Лу Шаје во петокот изјави за француската телевизија дека Крим е дел од Русија и дека поранешниот советски лидер Никита Хрушчов и го понудил на Украина. „Земјите од поранешниот СССР немаат вистински статус во меѓународното право, бидејќи не постои меѓународен договор што го материјализира нивниот суверен статус“, додаде Шаје.
Франција: Кина ја призна Украина
Франција во неделата одговори со изразување „целосна солидарност“ со сите погодени сојузнички земји, за кои рече дека ја стекнале својата независност „по децении угнетување“.
„Поточно, Украина беше меѓународно призната во нејзините граници, вклучувајќи го и Крим, во 1991 година. Тоа беше признаено од целата меѓународна заедница, вклучително и Кина“, рече портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.
Lu Shaye, China’s ambassador to France, repeated Russian propaganda narratives on LCI channel. He called Crimea “originally Russian” and declared that ex-USSR countries “don’t have an effective status in international law”.
Waiting for Beijing’s official reaction. Is it a… pic.twitter.com/A5yfdDX2nb
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 23, 2023
Портпаролот додаде дека официјален Пекинг ќе мора да разјасни дали овие коментари ја одразуваат позицијата на целата земја или не. Трите балтички држави, кои беа дел од Советскиот Сојуз, реагираа на ист начин како и Франција. Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.ž
Украина: Кина ја повторува руската пропаганда
Изјавата на кинескиот дипломат ја коментираше и Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи. Тој вели дека Лу Шаје ја повторува руската пропаганда.
„Ја чекаме официјалната реакција на Пекинг. Дали е тоа позиција на Кина или мислење на амбасадорот?“ Се прашува Герашченко.
„Таквите изјави се сериозни и го загрозуваат меѓународниот поредок“, додаде тој.
