Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КИНА ПРОДОЛЖУВА СО ИЗЛЕЗНИТЕ ГРУПНИ ПАТУВАЊА: Тоа повторно ќе ја оживее светската туристичка индустрија
Економија

КИНА ПРОДОЛЖУВА СО ИЗЛЕЗНИТЕ ГРУПНИ ПАТУВАЊА: Тоа повторно ќе ја оживее светската туристичка индустрија

09/02/2023

AA

Група туристи го следат својот водич на патување во Тајланд – меѓународен аеродром Шангај Пудонг во Шангај во источна Кина, 6 февруари 2023
година. (
Хина/Чен Ајпинг)

Глобалната туристичка индустрија се очекува да добие поттик
бидејќи Кина, еден од најголемите светски пазари за надворешен туризам пред
пандемијата, ги продолжи излезните
групни тури на почетокот на оваа
недела, односно во понеделникот.

На меѓународниот аеродром во Шангај Пудонг, со голема
радост, Хуанг Ксинг (69) се пријавил со тројца негови пријатели на долго
планираното патување во Пукет на
Тајланд.

Тие направија неколку заеднички прекуокеански патувања пред пандемијата, а сега планираат и
патување во Источна Европа подоцна во
текот на годинава.

„Тајланд е релативно блиску, а иако се работи за групно
патување, распоредот е прилично релаксиран и убаво е да се биде со
пријателите“, изјави Хуанг.

Хуанг е меѓу 25-те туристи на турнејата за Тајланд
организирана од Шангај Ерлајнс Турс Интернационал-Shanghai Airlines Tours
International (Group) Co., Ltd.

Почнувајќи од понеделникот, Кина го продолжи излезното групно патување во 20 земји,
вклучувајќи ги Тајланд, Малдиви, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Нов
Зеланд.

Овој потег, најавен во јануари, предизвика лудило во
планирањето на патувањата и забележа скок на интернет пребарувањата за
дестинации во странство, а Тајланд беше најпопуларен.

Ченг Чаогонг, главен истражувач во туристичкиот истражувачки
институт поврзан со онлајн туристичката агенција Tongcheng-eLong, рече дека
земјите со пријателски политики за влез кон Кина се посакуваните дестинации. Меѓу нив, земјите
од Југоисточна Азија се на врвот на листата, и поради пријатна клима што ја
нудат во овој период од годината.

Според Nonglux Yooyendee, директор на Канцеларијата за
туризам на Тајланд во Шангај, 11 милиони кинески туристи го посетиле Тајланд во
2019 година, што претставува четвртина од влезниот пазар на Тајланд. Се
проценува дека оваа година Тајланд ќе го посетат 5 до 6 милиони кинески
туристи. Од јануари, Тајланд пречека околу 90.000 кинески туристи.

Даи Бин, претседател на Кинеската академија за туризам, рече
дека продолжувањето на групните патувања го потенцираше чувството на одговорност и посветеност на Кина да остане
отворена. „(Тоа покажува дека) ние сме подготвени да ги споделиме можностите и
развојните дивиденди со другите земји“, истакна Даи.

Shanghai Jinjiang Tours Co., Ltd. ги избра Обединетите
Арапски Емирати како дестинација за својата прва групна турнеја во странство.

Лиу Нинг, претседател на Shanghai Jinjiang Tours Co., Ltd.,
рече дека Блискиот Исток е ветувачки туристички пазар бидејќи Светското
првенство во Катар привлече големо внимание кон регионот, додека економската
соработка меѓу Кина и Блискиот Исток се продлабочува.

Масовното враќање на кинеските патници ја зголемува
довербата во економското закрепнување на земјите кои во голема мера зависат од
туризмот.

Повторната страст за патување во странство за време на
неодамнешниот празник на Пролетниот фестивал, на пример, веќе ја покажа
растечката виталност на кинеската економија и обезбеди оптимизам за светот кој
сака да го поправи економскиот пад.

Според Tongcheng-eLong, резервациите за појдовни авионски
билети и хотели пораснале за 258 проценти и 177 проценти на годишно ниво, за
време на еднонеделниот одмор.

Истражувањето на qyer.com покажува дека повеќе од 90 отсто
од испитаниците планираат да патуваат во странство во рок од една година, а
околу една четвртина планираат патување во рок од шест месеци.

Обновувањето на излезните
групни патувања во Кина е од големо значење за тајландскиот туризам, а владите
и приватните претпријатија во двете земји покажаа позитивни ставови во овој
поглед. Туристичките компании кои се грижат за туристите во Тајланд се насочени кон производство на релевантни
производи за да ги задоволат преференциите на кинеските туристи, истакна
Nonglux Yooyendee.

Сепак, целосното закрепнување на индустријата сè уште може
да потрае некое време.

Ѕоу
Веихонг, заменик-генерален директор на туристичката агенција Spring Tour, рече
дека неколку фактори сè уште го ограничуваат закрепнувањето на пазарот за излезни патувања, вклучително и
недостигот на меѓународни летови и високата цена на групните тури, предизвикани
од превисоките цени и хотелските и рецепциските такси.

Затоа, туристичките претпријатија размислуваат за
поразновидни, помали и приспособени производи за да ги привлечат идните туристи
со идеален маркетинг и
подобро искуство во услугите.

„Исто така, се надеваме дека прекуокеанските дестинации ќе
бидат подготвени да го прифатат приливот на кинески туристи, во однос на
синџирот на снабдување, копнените ресурси, испораката на летови, персоналот и
така натаму“, рече претседателот
на Кинеската академија за туризам, Даи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy