Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Засегантите македонски државјани во Турција, утрово евакуирани во Македонија
Македонија

Засегантите македонски државјани во Турција, утрово евакуирани во Македонија

09/02/2023

AA

Информираме дека деветте државјани на Република Северна Македонија, кои беа затекнати во дел подрачјата во Турција загрозени од последиците од земјотресот, утрово пристигнаа во Република Северна Македонија и се во добра здравствена состојба. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција.

Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор.


Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување

10/06/2026
Македонија

Трагедија во основно училиште: На вработена ѝ се слошило и

10/06/2026
Македонија

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразни болести

10/06/2026
Македонија

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026
Македонија

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, но во јавноста се

10/06/2026
Македонија

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

10/06/2026
Македонија

Колку ќе добие државата од „Иловица“? Новите правила носат поголеми

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43689
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување

10/06/2026

Нестабилното време што беше најавено од метеоролозите попладнево донесе поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од државата,

Трагедија во основно училиште: На вработена ѝ се слошило и починала!

10/06/2026

На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена,

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразни болести

10/06/2026

На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy