
Кин со спектакуларен гол во 90. минута донесе бод за Евертон (ВИДЕО)
Во последниот натпревар од 29. коло во Премиерлигата, Евертон и Тотнем ги поделија бодовите.
Гостите можат да жалат откако поведоа со голот на Кејн од пенал и имаа играч повеќе, Докуре десетина минути претходно направи глупав потег и доби црвен картон за едно кошкање токму со напаѓачот.
Но во финишот од мечот Лукас Мура поцрвене по еден хорор старт врз Мајкл Кин, и токму дефанзивецот во следниот напад спектакуларно погоди од далечина, Иго Лорис не можеше да стори ништи и само гледаше како топката завршува во неговата мрежа за 1-1.