Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кешишев: Палчо ми беше мемориран во мобилниот како „Царот“
Македонија

Кешишев: Палчо ми беше мемориран во мобилниот како „Царот“

02/04/2025

AA

На денешното судење за убиствата на Вања и Панче. Сведочеше еден од обвинетите Влатко Кешишев, кој одговараше најпрво на прашања на својот адвокат, а потоа и на прашања на обвинителството.

Кешишев рече дека му бил послушен на Палчо. Тој во својот исказ кажа дека никогаш не се зборувало за убиства, туку само за грабнување. Рече дека не знаел дека Панче бил убиен, и дека не знаел за Вања, иако видел како Палчо држи пиштол и пука. За Вања, вели, дознал кога се вратиле во партија и кога отворил социјални мрежи кога видел дека се трага по девојче од таа зграда, но Палчо ништо не му одговорил.

Кешишев рече дека во неговиот мобилен телефон, Палчо му бил мемориран како „Царот“.

Обвинителство: На 22.11.2023 година кога одите кај местото викано Рудник не го носите вашиот мобилен телефон, така?

Кешишев: Да. Го оставив во штабот.

Обвинителство: Логично ли беше ако не одите да убивате некого да го оставите вашиот телефон во Скопје, за да не се открие вашето движење и комуникацијата?

Кешишев: Никогаш не отидовме да убиваме. Никогаш не се правеа планови за тоа. Се зборуваше само за грабнување. Ми рекоа да го оставам телефонот во штабот, бидејќи имаме мотороли. Никогаш не правевме муабет за убиства. Не пријавив никаде дека се случи убиство. Прво бев збунет, а после не можев да го напуштам штабот. 

Обвинителство: Во вашиот мобилен телефон кој сте го користеле, Палчо ви е мемориран како „Царот“. Тоа значи дека слушате се што ќе ви каже и нареди Палчо?

Кешишев: Да!

Обвинителство: Од изготвеното психијатриско вештачење од вешто лице, дадено е мислење дека вие сте психички здрава личност со уредна интелигенција, можам да заклучам дека свесно и доброволно сте ги преземале сите дејствија, така?

Кешишев: Не баш свесно, по навика му бев послушен оти ми кажа да седам на страна. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy