
Кејн го остави Баерн во живот (ВИДЕО)
Херој на „баварците“ бепе Хари Кејн кој ги постигна двата гола за својот тим од кои вториот во судиското продолжение, при резултат 1-1. Англичанецот го отвори резултатот во 56. минута, израмни Шешко во 70., а во првата минута од надополнувањето Кејн погоди за ново водство и победа на Баерн.
Негативата во однос на Баер е голема, но барем тимот од Минхен ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и остана барем со теоретски шанси за одбрана на шампионскиот трофеј. Лајпциг и натаму е петтопласиран со бод помалку од Борусија Дортмунд која утре го пречекува Хофенхајм.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните три минути од натпреварот (плус судиското продолжение).

