Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кавадарци: Љубовникот на мајката ја обљубил нејзината малолета ќерка
Магазин

Кавадарци: Љубовникот на мајката ја обљубил нејзината малолета ќерка

10/04/2024

AA

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка, син физички го нападнал татка си со тврди предмети, кавадарчанец агресивно се однесувал и предизвикал пожар во сопствениот стан. Ова се настаните за кои денеска информираа од СВР Велес. 

– Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Г.С.(43), затоа што во семејниот дом, по кратка вербална расправија, физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети. Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека вчера во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци, кавадарчанката Д.Н.Г.(32) пријавила дека на улица „Илинденска“ во градот, била физички нападната од С.Н. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Од Секторот за внатрешни работи информираа дека синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле кавадарчанецот И.П.(65), по претходна пријава од негов сосед. Според пријавеното, тој предизвикал пожар во сопствениот стан каде било интервенирано од Територијална против пожарна единица Кавадарци и истиот агресивно се однесувал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.       

– Синоќа во 21.00 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy