
КАВАДАРЧАНЕЦ УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ И ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО По сообраќајката избегал, полицијата го бара

Кавадарчанец со возило удрил во полицаец и во полициски возило рано утрово па побегнал, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
„Изутринава во 1.30 часот во полицијата во Кавадарци е пријавено дека на крстосницата меѓу улиците Браќа Џунови и Браќа Хаџи Тефови во Кавадарци, Д.А.(45) од овој град, управувајќи патничко возило „фолксваген туран“ со кавадаречки регистарски ознаки, при обид да биде сопрен од полициски службеници кои извршувале службени задачи, најпрвин удрил во полициско возило „пасат“, а потоа и во полициски службеник, по што се дал во бегство“, соопшти велешката полиција.
Оттаму додаваат дека возилото е пронајдено и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
За настанот е известен јавен обвинител.
ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Пијаниот е уапсен, во сообраќајката нема повредени
.

