Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битка за четири општини: Утре стартува кампањата, Невзат Бејта трча по трет мандат во Гостивар
Македонија

Битка за четири општини: Утре стартува кампањата, Невзат Бејта трча по трет мандат во Гостивар

21/12/2025

AA

Од утре официјално стартува изборната кампања за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Политичката трка ќе трае до 9 јануари на полноќ, по што следува изборен молк, а граѓаните ќе гласаат на 11 јануари.

Во изборниот ринг влегуваат вкупно 5 партии и коалиции, како и еден независен кандидат.

Најголемо внимание привлекува битката за Гостивар, каде што искусниот политичар Невзат Бејта се враќа на сцената. Со поддршка од коалицијата „Вреди“, тој ќе се обиде да го освои својот трет градоначалнички мандат. Негов директен противкандидат е Ваљбон Лимани од Националната алијанса за интеграција (НАИ).

Неизвесна трка се очекува и во Врапчиште, каде што силите ќе ги одмерат тројца кандидати:

Исен Шабани – кандидат на НАИ;

Зули Демири – кандидат на Алијансата за Албанците;

Зулхајрат Демири – кандидат на коалицијата „Вреди“.

Според заклучениот Избирачки список, право на глас во овие четири општини имаат нешто повеќе од 128.000 граѓани.

Поради специфичноста на теренот и миграцијата, Државната изборна комисија направи одредени корекции во распоредот на гласањето. Во вкупно 7 избирачки места во Гостивар и 5 во Маврово-Ростуше има регистрирано помалку од 10 избирачи. Тие своето избирачко право ќе можат да го остварат во најблиските избирачки места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски

03/08/2026
Македонија

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026
Македонија

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото

03/08/2026
Македонија

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата

03/08/2026
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
Македонија

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44825
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски натпревар

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026

На 02-08-2026 година во 23,05 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, лишен од слобода е М.П.(21) од Охрид по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy