Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАУФЛАНД ХРВАТСКА ГИ НАМАЛУВА ЦЕНИТЕ НА ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ПРОИЗВОДИ, А ЕВЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ КОНЗУМ: Хрватите денеска „казнуваат“ сè
Регион

КАУФЛАНД ХРВАТСКА ГИ НАМАЛУВА ЦЕНИТЕ НА ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ПРОИЗВОДИ, А ЕВЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ КОНЗУМ: Хрватите денеска „казнуваат“ сè

31/01/2025

AA

Хрватите денеска
најригорозно бојкотираат против скапотијата. Освен што не пазарат во маркетите,
се воздржуваат „од какви било купувања“ во петок, што ги вклучува сите
продавници, трансакции со банки, телекомуникации, нарачки преку платформи за
испорака, кафулиња, ресторани, бензински пумпи и во аптеки.

Малопродажниот ланец Кауфланд Хрватска денеска најави
намалување на редовните цени за повеќе од илјада производи што ќе започне на
5-ти февруари годинава.

Кауфланд, како што се наведува во соопштението, на своите
клиенти им обезбедува повеќе од 1.800 производи по промотивни цени секоја
недела.

Попустите започнуваат
на 5-ти февруари

Дополнително, по трет пат за една година, почнувајќи од 5-ти
февруари годинава, ги намалува цените на повеќе од 1.000 производи, кои
повторно ќе им бидат достапни на купувачите по намалени редовни цени.

Ваквите попусти, како што наведува Кауфланд, се дел од
нивните постојани напори основните намирници и производи да ги направат што
подостапни за граѓаните по поприфатливи цени.

„Свесни за
промените на пазарот и предизвиците за управување со буџетот на домаќинствата,
Кауфланд се стреми да остане сигурен партнер во секојдневното купување со широк
асортиман од просечни 19.000 производи кои ги задоволуваат различните потреби
на потрошувачите“, нагласуваат од трговскиот синџир.

И малопродажниот
синџир Конзум соопшти дека во соработка со хрватските добавувачи инвестирале
дополнителни милион евра во намалување и заклучување на цените на 250 домашни
производи кои не се вклучени во најавената владина одлука за ограничување на
цените.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy