Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСОС: Повеќе од 4700 професионални сметководители се усогласени со законот, но поединци сѐ уште работат во сива зона и се гласни поддржувачи на ваквата негативна појава
Македонија

ИСОС: Повеќе од 4700 професионални сметководители се усогласени со законот, но поединци сѐ уште работат во сива зона и се гласни поддржувачи на ваквата негативна појава

31/01/2025

AA

Официјалните податоци покажуваат дека, со крајот на јануари 2025 година, вкупно 4767 сметководители и овластени сметководители во земјава, навремено и уредно ги исполниле сите свои законски обврски и со тоа се стекнале со право на потпишување на годишни сметки и успешно се внесени во базата на податоци на Централниот регистар. Споменатата бројка претставува повеќе од 100% од вкупниот број сметководители чии податоци минатата година беа разменети со Централниот регистар, што е резултат на приливот на нови членови и усогласувањето со законските критериуми.

Ваквата висока бројка јасно покажува дека речиси сите професионални сметководители во земјата доследно ги почитуваат своите законски обврски, односно навремено и точно ги ажурираат своите податоци, ги имаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување и редовно и во целост ја платиле предвидената законска членарина, наспроти малиот број поединци кои и покрај сите укажувања и опомени не ги исполниле овие свои законски обврски.

Инаку, целокупната постапка за ажурирање и размена на податоците од регистрите на сметководители и овластени сметководители со Централниот регистар, ИСОС ја спроведува во согласност со одредбите во Законот за вршење на сметководствени работи. Со првото законско ажурирање на податоците во регистрите на ИСОС, кое беше направено во декември 2023 година, вкупната бројка на сметководители во регистрите на ИСОС која изнесуваше над 8000, по размената на податоци со Централниот регистар заврши со околу 4700 активни членови кои ги исполнуваат законските критериуми.

И покрај ваквите факти, во пресрет на утрешната седницата на Собранието на ИСОС на која делегатите треба да разгледаат и усвојат неколку важни одлуки за работењето на Институтот, одредени поединци и групи, преку социјалните мрежи и медиуми, изнесуваат невистини за целиот процес.

Единствената цел на ваквите манипулации кои ги пласираат овие поединци и групи е да се закочи процесот на имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди со кои земјата би фатила приклучок со останатите земји во регионот и пошироко, а кои повеќе од една деценија не беа воведени во земјава. Истовремено, ваквите манипулации се јасен обид за притисок врз делегатите на Собранието да не ги усвојат предложените одлуки и на тој начин да се оневозможи Институтот да продолжи со исполнување на своите законски утврдени надлежности и програмски цели кои треба да овозможат јакнење на сметководствената професија и натамошно подобрување на статусот и условите на работа на огромното мнозинство професионални сметководители во нашата земја кои доследно ги почитуваат своите законски обврски.

Токму некои од најгласните поединци кои свесно манипулираат со фактите и шират невистини за целиот процес, ги немаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување, воопшто не се вработени како сметководители или се вработени во државната и општинската администрација и повеќе години немаат уплатено законска членарина во Институтот. На ваков начин тие директно придонесуваат за нелојалната конкуренција во овој сектор, што е една од основните негативни појави за чие сузбивање се залагаат сите учесници во дејноста и надлежните институции и која им нанесува огромна штета на мнозинството професионални сметководители кои редовно ги исполнуваат своите законски обврски и со право очекуваат да им биде овозможено да работат и да напредуваат во оваа дејност.

ИСОС нема никаква намера да навлегува во јавна полемика со ваквите самонаречени претставници на фелата кои воопшто не работат како сметководители, туку се државни и општински службеници и затоа немаат никаков легитимитет да го оценуваат процесот и работењето на Институтот. Сепак, во интерес на вистината која треба да ја знаат професионалните сметководители – членови на ИСОС, како и пошироката јавност, во оваа прилика сакаме да ги истакнеме следните факти:

– ИСОС нема никаков интерес да брише членови од регистрите на професионални сметководители, напротив! Но, истовремено, ИСОС и понатаму ќе се залага и активно ќе работи на елиминирање на работењето на поединци во т.н. сива зона – појава која сѐ уште е присутна и нанесува штета на професионалните сметководители и на професијата.

– Во изминатиот период од две и пол години ИСОС постојано апелираше и разменуваше информации со сите сметководители и сметководствени бироа во земјава да го усогласат своето работење со Законот за вршење на сметководствени работи, по што речиси сите сметководители го сторија тоа.

За оние кои поради различни причини не го направија тоа, ИСОС беше законски обврзан да покрене соодветна постапка, која се спроведува согласно позитивните законските одредби и сите процедури предвидени со Статутот и останатите документи усвоени од страна на Собранието на ИСОС.

– Во целокупното свое работење, актуелниот состав на Управниот одбор и останатите комисии и тела во ИСОС, се раководат согласно одлуките на Собранието на ИСОС и законските прописи. Почитувајќи ги начелата на транспарентност, актуелниот состав на управниот одбор на ИСОС за една година организираше повеќе средби со подружниците на ИСОС низ целата земја, отколку вкупниот број на вакви средби кои биле организирани од минатото раководство, во периодот од 2017 до 2022
година.

– За целокупното свое работење, вклучувајќи ја и финансиската состојба на Институтот, Управниот одбор му доставува извештај на Собранието на ИСОС. При тоа, целокупните средства што се собираат од членарината што ги плаќаат членовите на ИСОС, се трошат строго наменски. Но, притоа треба да се знае и дека актуелното раководство на ИСОС наследи големи долгови, направени како резултат на одредени незаконски одлуки од претходниот Управен одбор и Собрание, за кои сега е потребно да се најде начин како да им бидат вратени на членовите на ИСОС.

Ги повикуваме членовите и делегатите на Собранието на ИСОС да не подлегнуваат на никакви надворешни влијанија, особено од оние што ја создаваат нелојалната конкуренција во нашата професија работејќи во т.н. сива зона.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
Македонија

Мицкоски: Бугарија да постапи соодветно и да ни го екстрадира

02/09/2026
Македонија

Додека се гасне пожарот кај Селце, фатени тројца дрвокрадци во

02/09/2026
Македонија

Пожарот од Косово се движи кон Грачани – ангажирани „ер-тракторите“ на

02/09/2026
Македонија

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома,

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45406
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026

Денеска во Скопје, на 71-годишна возраст, почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев, оставајќи зад себе богата академска, научна и

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026

Наставниците во март следната година ќе добијат ново зголемување на платите, согласно договореното со Синдикатот за образование, наука и култура

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026

На ден 02.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy