Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАТАСТАРОТ ЛАНИ РЕШИЛ ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ПРЕДМЕТИ Целосно се расчистени заостанатите предмети
Македонија

КАТАСТАРОТ ЛАНИ РЕШИЛ ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ПРЕДМЕТИ Целосно се расчистени заостанатите предмети

02/01/2026

AA

Агенцијата за катастар на недвижности во 2025 година решила вкупно 1.040.137 предмети што претставува јасен показател за зголемена ефикасност и континуирана посветеност во обезбедувањето квалитетна и навремена услуга, соопшти Агенцијата. Паралелно со тоа, од Катастарот велат дека целосно се расчистени заостанатите предмети, а сите тековни барања се решаваат навремено, без застој и во законските рокови.

До Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар биле поднесени 577 претставки, од кои 556, односно 96,4 проценти, се целосно обработени и затворени.

Во делот на графичкиот регистар на градежно земјиште, примени се 3.878 предмети, од кои 3.863, односно 99,6 проценти, се успешно решени, што укажува на високо ниво на ефикасност и ажурност.

Во 2025 година преку електронскиот систем е-Влада до Агенцијата за катастар се доставени вкупно 416 барања за мислења и се одговорени во целост, со што процентот на реализација на овој вид на барања е 100 проценти.

– Една од клучните заложби на раководството беше и системското намалување на заостанатите предмети, како и навремено постапување по новопристигнатите барања. Во таа насока, бројот на нерешени тековни предмети е намален за 47,4 проценти, додека бројот на тековно примени предмети во 2025 година е зголемен за 8 проценти, во споредба со 2024 година – информира Агенцијата за катастар на недвижности.

Според директорот на АКН, Иван Живковски, поставените цели за 2025 година се реализирани, а бројките се најдобар доказ за тоа. Во објава на социјалните мрежи тој најави дека и во наредниот период Агенцијата ќе продолжи со интензивна дигитализација, унапредување на услугите и зголемување на транспарентноста.

– Овие резултати се јасен показател за подобрената организација, засилената контрола и зголемената ефикасност во работењето на Агенцијата за катастар на недвижности, со јасна цел – побрзи, поквалитетни и транспарентни услуги за граѓаните – истакна Живковски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy