Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРАКОРАЗВОДНА ПАРНИЦА ТРАЕ ГОДИНА ИПОЛ Николоски разочаран од темпото на судовите
Македонија

БРАКОРАЗВОДНА ПАРНИЦА ТРАЕ ГОДИНА ИПОЛ Николоски разочаран од темпото на судовите

02/01/2026

AA

Решавање на катастрофалните состојби во судството и во Обвинителството преку промени е она што треба да го очекуваат граѓаните и што треба да се случи во 2026 година, истакна во интервјуто за ТВ Алфа, вицепремиерот Александар Николоски.

– Конечно ќе има промена во Обвинителството, веќе има в.д. јавен обвинител и веќе има транспарентен оглас за пријавување за нов јавен обвинител, кој што се надевам со многу поголема енергија ќе влезе во целата работа – рече Николоски.

Како позитивна работа вицепремиерот ги потенцираше состојбите во царината, каде изминатата година државата генерирала 100 милиони евра дополнителен приход, што е доказ дека работите се променети.

– Тоа значи дека тие 100 милиони се краделе и исчезнувале. Сега треба да се средат судството и Обвинителството – потенцираше тој.

Николоски наведи примери од работата на судовите и обвинителствата кои не би требало да се повторат.

– Пред 8 месеци завршена е изградбата на браната Конско кај Гевгелија. Поради една одлука која што ја чекаме од гевгелискиот суд околу прашање за експропријација, доцниме 8 месеци. Било каква да е одлуката, независно дали ќе биде во корист на странката или во корист на државата, никој не сугерира како да го решат проблемот, еве апелирам да одлучат. Во Управен суд има предмети кои што стојат од 2022 година. Тоа се човечки судбини. Бракоразводна парница трае од година до година ипол, катастрофа. Тоа се стресови за семејства, за деца, за роднини. Значи во една катастрофална состојба е судството, а со него и Обвинителството – рече Николоски.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и дневен престој се клуч за

22/09/2026

Ниту еден наставник со договор на неопределено време не остана без работа по фузијата на околу 450 паралелки во основното

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026

„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy