
Каранфилова Пановска: Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз
Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска од граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Старо Нагоричане се осврна на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот.
„Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот. Пензионерите ги оштетија со формули и помпезни ветувања. Работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без субвенции. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Ја задолжија државата како никогаш досега, унгарски кредит, британско партнерство, 7 милијарди евра. За граѓаните нема ништо, ама граѓаните ќе мора да враќаат нивните бескорисни кредити“, нагласи Каранфилова Пановска на граѓаниот собир во Старо Нагоричане.
Таа ги повика граѓаните на 19-ти октовмри, да гласаат за бројот 5, за Далибор, за Иван, за Старо Нагоричане, за иднина на Македонија со СДСМ и Коалицијата.
