
Караман официјално признаен како автентична македонска раса
Македонската кинологија доби нов повод за гордост – расата куче караман официјално е признаена како автентична македонска раса, објави Кинолошки сојуз на Македонија, повикувајќи се на одлуката на Меѓународната кинолошка федерација.
Одлуката е донесена по детална евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои покажуваат дека караман со векови е присутен на македонската територија.
Оваа раса е позната по својата издржливост, интелигенција и силно развиен заштитнички инстинкт. Традиционално се користело како чувар на стада и домови, особено во руралните и планинските подрачја. Стручната јавност оцени дека признавањето на караман е значаен чекор за македонската кинологија, но и за зачувување на националното културно и биолошко наследство.
Со официјалниот статус се отвораат можности за понатамошна промоција на расата, учество на меѓународни изложби и системска заштита од неконтролирано вкрстување. На тој начин, караман добива заслужено место како симбол на македонската традиција и пастирска култура.
