Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве колку ќе ве чини секоја грешка
Македонија

📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве колку ќе ве чини секоја грешка

26/01/2026

AA

Камерите на системот „Безбеден град“ сè почесто ги фаќаат возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, а казните не се ни малку симболични. Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека секое пречекорување на брзината, поминување на црвено или непрописно паркирање автоматски се евидентира и санкционира.

Најчест прекршок е возење побрзо од дозволеното во населени места. За надминување до 10 километри на час, казната изнесува 15 евра, додека за брзина поголема за 30 до 50 километри на час следува глоба од 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци. Слични санкции важат и за возачите кои пречекоруваат брзина надвор од населени места, особено на автопатите и магистралните патишта.

Строго се казнува и поминувањето на црвено светло. Овој прекршок чини 250 евра, а возачите остануваат без дозвола од три до 12 месеци, без разлика дали има сообраќајна незгода или не.

Под лупа на камерите е и непрописното запирање и паркирање – на пешачки премини, крстосници, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и места наменети за лица со попреченост. Казните се движат од 25 до 180 евра, во зависност од тежината на прекршокот.

Посебно високи се санкциите за учество во сообраќај со нерегистрирано возило. Возачите кои управуваат автомобил без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблички ќе платат 500 евра, додека ако регистрацијата е истечена до 30 дена, казната е 100 евра.

Од МВР потсетуваат дека казните може да се преполоват доколку се платат во рок од осум дена. Истото важи и за забраните за управување – рокот се скратува на половина ако глобата се плати навреме.

Целта на системот „Безбеден град“, како што велат од полицијата, не е казнување, туку намалување на сообраќајните незгоди и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy