Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Камбовски: Се согласувам со премиерот треба да имаме буџет и да знаеме што ни е потребно, за централниот буџет да ги обезбеди тие средства
Македонија

Камбовски: Се согласувам со премиерот треба да имаме буџет и да знаеме што ни е потребно, за централниот буџет да ги обезбеди тие средства

03/12/2025

AA

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информира дека тековно се изготвуваат проекции на буџетот за наредната година, со планови за вработување и ревизија на сите судови. Според него, буџетот е веќе при крај, а разликата во однос на претходната година ќе се однесува на новите планирани вработувања, додека останатите ресурси, како капитални инвестиции, реновирање на судски згради и набавка на опрема, се планираат секоја година.

Прашан за предлогот на премиерот Христијан Мицкоски Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да достават список со потребните финансиски средства, Камбовски рече дека се согласува со премиерот и дека е потребно да се има јасен план за буџетските потреби.

– Апсолутно, мислам дека се согласувам со премиерот. Треба да имаме буџет и да знаеме што ни е потребно, за централниот буџет да ги обезбеди тие средства – изјави Камбовски пред денешната 532. седница на Судскиот совет.

Камбовски посочи дека се прават планови за вработување на минимум потребни луѓе за функционирање на судовите.

– Минатиот период имавме состаноци со сите судови во државата и се обидовме да ги утврдиме минималните човечки ресурси што се потребни. Не се работи за максималистички барања, туку за основниот број на вработени кој овозможува судовите да функционираат на задоволителен начин. Разликата ќе биде во бројот на нови вработувања, околу 300 луѓе плус – изјави Камбовски.

Во врска со тврдењата за високи плати на претседателите на судовите, Камбовски нагласи дека нето-платите се значително пониски од 180.000 денари.

– Нето-плата на судија во основен суд со основна надлежност е 86.623 денари, со проширена надлежност 89.346 денари, а претседател на основен суд 99.112 денари. Во Врховен суд, судија зема 105.000 денари, а претседател 114.000 денари. Овие се основни плати, на кои се додава минатиот стаж – појасни Камбовски.

Просечната плата на судиите во Врховниот суд во 2024 година изнесувала 197.000 денари бруто и 128.000 денари нето. Највисоката бруто-плата исплатена во 2024 година била 214.000 денари, а нето 139.738 денари.

Камбовски нагласи дека додатоците за доверливост и ризик при работа не се редовни и зависат од расположливиот буџет.

– На пример, еден месец се плаќа пет отсто, па неколку месеци нема, па се плаќа седум отсто или 10 отсто. Овие додатоци не се редовни примања на судиите – рече Камбовски.

Тој посочи дека платите на судиите се пониски во споредба со соседните земји и дека потребни се поголеми издатоци за судството за да се достигне нивото на регионот.

– Во однос на БДП, можеби се издвојуваат помалку средства за судството отколку што е потребно. За да достигнеме соседните земји, треба да се зголемат издатоците, а за ЕУ да не навлегувам – заклучи Камбовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy