Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Калеска Ванчева: СДСМ и парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите
Македонија

Калеска Ванчева: СДСМ и парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите

04/05/2023

AA

СДСМ и парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите, односно таа да не може да биде повисока од долгот. Ставаме крај на огромните каматни стапки кои досега во некои случаи и повеќекратно беа повисоки од самиот долг, информира Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција.

Со предложените измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.

– Тоа значи во ситуација кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече или во пракса, за долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата да биде 1.000. Понатаму, со предлог законски измени се предвидува скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката, појасни таа.

Ова во пракса значи намалување на можноста за акумулирање на каматата, но и стимулација за побрза наплата од страна на доверителите.

На овој начин, нагласи Калеска Ванчева, ставаме крај на енормните камати што повеќекратно го надминуваа долгот и на тој начин граѓаните, па и цели семејства се туркаа во должничко ропство.

– Овие предложени измени директно ќе се однесуваат и на Законот за финансиски друштва каде што е регулирано финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит ако трошоците што не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит. Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот а кои произлегуваат или на каков било начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги, рече пратеничката од СДСМ.

Додаде дека се зајакнува и контролата, со новите измени и дополнувања на Законот на финансиски друштва се зајакнува и контролата на државата врз работењето на финансиските друштва, но и во она што значи наплата на трошоци, висина на трошоци но бидејки овде не беше вклучена казнената камата бидејќи таа е регулирана со Законот за облигациони односи затоа велиме дека со овие измени директно ќе влијае и на Законот за финансиски друштва односно на односите којшто се ствараат помеѓу финансиски друштва и корисниците на финансиските услуги.

– Овие измени се во директна корист на граѓаните и затоа ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи, да дадат поддршка, за тие што побрзо бидат усвоени, рече меѓу другото Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе

08/04/2026
Македонија

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група

08/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ

08/04/2026
Македонија

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање

08/04/2026
Македонија

3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МВР Дијалогот

08/04/2026
Македонија

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за

08/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в

07/04/2026
Македонија

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42232
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе не дочека со мраз и

08/04/2026

Во периодот пред и за време на Велигден територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група од луѓе и фирми на

08/04/2026

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО Пешевска упати острa

08/04/2026

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy