Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Календар за неработни денови во 2024 година, вака комбинирајте државни празници со денови од одмор и слободни сте до 14 дена
Македонија

Календар за неработни денови во 2024 година, вака комбинирајте државни празници со денови од одмор и слободни сте до 14 дена

18/11/2023

AA

„Одморџиите“ и туристите кои прават кратки викенд тури тријат раце на новиот календар за 2024 година за неработни денови и државни празници во 2024 година затоа што ќе добијат многу слободно време без притоа да искористат денови од својот годишен одмор.

Во календарот има рекордни девет продолжени продолжени викенди кои поврзани со зимскиот пролетниот и летниот распуст на децата ќе бидат рај за оние што креираат спомени од посетите на разни туристички знаменитости, плажи и метрополи во текот на целата година.

Во објавената програма на Министерството за труд и социјална политика за неработни денови и државни празници за 2024 година имаме вкупно 9 продолжени викенди, затоа што има повеќе празници што се паѓаат во петок и недела.

Погледнете ја оваа можност. Доколку користите одмор на 2,3,4,5,9,10,11 и 12 јануари, тоа значи дека ќе одмарате од 1-ви до 14-ти јануари. Речиси половина месец.

Втората одлична можност е во месец мај. Доколку користите одмор на 2, 7 8 9 и 10 мај, ќе одмарате од 1-ви до 12 мај. Односно вкупно 12 дена.

Со малку повеќе математика, повеќе време за букирање на апартмани, хотели или евтини карти со „Виз Ер“, може да се направат неколку кратки одмори, доколку можете да си го дозволите тоа и притоа да искористите само неколку дена од одморот кој според Законот за работни односи е минимум 20 работни дена.

Месец јануари има три споени викенди, првиот е веќе на прагот на Новата година, кога саботата и неделата се спојуваат со 1 јануари кој е неработен ден за сите граѓани. Ако се земе во предвид фактот што ден пред Нова година, односно петок, речиси никој во Македонија не работи и се подготвува за новогодишното славје, може да се спојат добри четири дена на планина или за дочек на 2024-та на некој од плоштадите во Белград, Софија, Виена, Загреб, Прага…

Ако сте го пропуштиле овој викенд, следува нов продолжен со понеделник 8 јануари кој исто така е неработен ден за сите граѓани во земјата, а оние поупорните може да испланираат и краток ски-одмор со ден или два од годишниот одмор од петок 19 јануари кој е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповест.

Следната година, оние вработени кои ќе бидат најитри и брзи кај претпоставените во најавата за користење на одмор, ако земат одмор на 29 и 30 април (понеделник и вторник), како и на 2 мај (четврток), слободни ќе бидат од 27 април до 6 мај 2024 година, односно цели 10 дена затоа што ќе ги поврзат првомајските и велигденските празници кои се неработни за сите граѓани.

Следен споен викенд е 24 мај (петок) или Св. Кирил и Методиј – Ден на сесловенските просветители. Овој ден заедно со уште два дена од одморот во четврток и петок е доволен за мини-одмор во евтината претсезона на некоја од најблиските плажи во Грција или Албанија.

Продолжен викенд не чека и на 21 јуни (петок), петок пред Духовден кој е неработен за православните граѓани. Краток одмор од три дена споен викенд може да се земе и на 2 август (петок) за Ден на Републиката, потоа за 8 септември (недела), Ден на независноста, односно на 9 септември (понеделник) е неработен ден.

Сите граѓани ја завршуваат годината со продолжени викенди во октомври, за Денот на народното востание, 11 октомври (петок) и на 9 декември понеделник кој е неработен ден поради празнувањето на 8 декември (недела), Св. Климент Охридски.

Граѓаните од католичка вероисповед ќе ќарат продолжен викенд на 30 и 30 март, како и на 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, потоа на 1 ноември (петок), Празникот на сите светци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почнува реконструкцијата на Универзалната сала: Скопје ќе го врати својот

27/04/2026
Македонија

Трагична сообраќајна несреќа на патот Прилеп–Крушево: Едно лице го загуби

27/04/2026
Македонија

МВР: Имаме обрасци за наредните три години, личните документи се

27/04/2026
Македонија

ВИДЕО „Бутел“ ја призна грешката, по грешка ги бетонирала гробиштата

27/04/2026
Македонија

Мицкоски: „27 април“ беше политички монтиран случај, време е да

27/04/2026
Македонија

Русковска за 27-ми април: Јас не им ја пишував програмата

27/04/2026
Македонија

Вајц: Не гледам напредок во македонските реформи, земјата ризикува губење

27/04/2026
Македонија

Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо Јаневски

27/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почнува реконструкцијата на Универзалната сала: Скопје ќе го врати својот симбол до 2028 година

27/04/2026

Реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје и официјално започнува, најавија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура Зоран Љутков и градоначалникот

Трагична сообраќајна несреќа на патот Прилеп–Крушево: Едно лице го загуби животот

27/04/2026

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи синоќа на регионалниот пат Прилеп–Крушево. Според информациите од СВР Битола, инцидентот бил

МВР: Имаме обрасци за наредните три години, личните документи се вадат за само неколку дена

27/04/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изјава за 4news.mk категорично ги отфрла шпекулациите за можен недостиг на обрасци за вадење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy