Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО „ЗАМРЗНАТИОТ“ ЗЕЈТИН ВЛИЈАЕШЕ ВРЗ ПРОФИТОТ НА „ВИТАМИНКА“ – благо намалени приходи, но и раст на нето добивката за деветте месеци
Економија

КАКО „ЗАМРЗНАТИОТ“ ЗЕЈТИН ВЛИЈАЕШЕ ВРЗ ПРОФИТОТ НА „ВИТАМИНКА“ – благо намалени приходи, но и раст на нето добивката за деветте месеци

02/11/2023

AA

И прилепска „Витаминка“ ги
објави финансиските извештаи за
првите девет месеци од годинава. Тие говорат за намалени приходи, но уште
поголем процент на намалување на расходите, и зголемена добивка во однос на
истиот период минатата година.

Или, од своето работење „Витаминка“ остварила чист профит од 372 илјади
евра за првите три квартали од годинава, што е раст за 16 отсто во однос на
истиот период лани.

Од своето производство на чоколади, смоки и зејтин, прилепската компанија
лани реализирала вкупни оперативни приходи од близу 40 милиони евра, што во
однос на истиот период лани е намалување за 14 проценти.

Инаку, „Витаминка“ од Прилеп во своето образложение до Берзата за својот
финансиски резултат дава една многу внимателно срочена информација дека во
изминатиот деветмесечен период морала да ги почитува мерките на Владата за
замрзнување на цената на зејтинот.

А, како што е познато, цената на овој производ, заедно и со уште неколку
други, беше замрзната од средината на март оваа година.

„Во
деветмесечието од 2023 година се преземени соодветни активности во поглед
почитување на мерките за продажба на сончогледово масло за јадење“, објаснуваат од „Витаминка“.

Како што е познато, оваа компанија го презеде производството на познатиот бренд масло за јадење „Брилијант“.

Инаку, најголем дел од остварените оперативни приходи отпаѓаат на приходи од
продажба, дури 99 проценти, и притоа од приходите од продажбата на домашниот
пазар се остварени 24,4 милиони евра, што е намалување за 22 отсто во однос на
истиот период лани. Одличен приход е остварен и од продажбата на странскиот
пазар, и тоа дури 15 милиони евра, што е раст за два пшроценти во однос на
истиот период минатата година.

Кога станува збор за расходната страна, оперативните трошоци на компанијата
биле на ниво од 37 милиони евра, што е намалување за 23 проценти во однос на
истиот период лани.

Од компанијата велат дека висината на вкупните расходи е во
корелација со работењето во деветмесечието од 2023 година.

Од еасходите највисока ставка е онаа за трошоци за суровини и материјали,
за што се направени расходи од 23,3 милиони евра, но тие се значајно намалени
во однос на истиот период лани и тоа за 31 процент.

А, расходна ставка која има најголем раст се трошоците за вработените, каде
порастот е за 19 отсто. Односно, компанијата во првите девет месеци од годинава
за своите вработени потрошила 5,7 милиони евра, што е добар показател и значи
дека компанијата или има нови вработувања, или им ги зголемила платите на
своите врабнотени.

Кога станува збор за финансиските приходи, тие биле речиси преполовени,
додека, пак, кај финансиските расходи има пораст од дури 64 проценти во однос
на истата временска отсечка од минатата година.

„Трендот
на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува
во услови на голема макроекономска нестабилност. Воениот конфликт во Украина,
новиот воен конфликт во појасот Газа, умерената инфлација, секојдневните
варијации на цената на суровата нафта и
геополитичката состојба и понатаму е непозната. Оперативниот тим на друштвото
води посебна грижа за готовинскиот тек. Раководството на Друштвото внимателно
ги разгледува тековните пакет мерки донесени од Владата со цел амортизирање на
негативните ефекти на континуираното деловно работење, предизвикани од воените
и економските кризи. Компанијата внимателно ја планира својата тековна
ликвидност и оперативните активности кон новонастанатата ситуација“, се вели во образложението од прилепска „Витаминка“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ СРАМНО ИЗГУБИ КОНТРОЛА Силни

01/10/2026
Македонија

ИМА ЛИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Петрушевски предупредува за

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ ГУБИ КОНТРОЛА Силни осуда

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45919
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од МВР за големата акција за

01/10/2026

Сузбиена е организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, а поднесена е кривична пријава против

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН Е Платформата 12.05 вели дека

01/10/2026

Венко Филипче сѐ повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски. Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се гинело за време на конфликтот

01/10/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски искажа благодарност до македонските граѓани за покажаното европско однесување, како што рече, дури и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy