Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како се затру семејство од Скопје со забранетиот најотровен инсектицид „метомил“?
Магазин

Како се затру семејство од Скопје со забранетиот најотровен инсектицид „метомил“?

20/10/2023

AA

Метомил, познат под брендови како Акинат (Acinate), Агринат (Agrinate), ДуПонт, Ланате (Lannate), Ланокс (Lanox)… е инсектицид од прва категорија, забранет за продажба во земјава, согласно регулативите на ЕУ, поради неговата висока токсичност и поради штетите што може да ги нанесе по животната средина и живиот свет. Доколку се употреби и само еден грам од отровот, кој нема ниту мирис ниту вкус, а дава зеленкасто-сина боја кога ќе се раствори, може да усмрти човек од 70 килограми. Смртта настапува многу брзо, често и во рок од неколку минути. Кај животните, пак, смрт може да настапи и доколку само се помириса или вдише отровот.

Ова се само дел од официјалните податоци за метомилот, супстанцата со која пред неколку дена се затруја три лица од исто семејство, од кои жената почина. Повозрасната жена е во кома, додека мажот е на Клиниката за токсикологија и е во стабилна состојба. Тројцата биле затруени откако јаделе домашна храна во нивниот дом во Скопје. Како метомилот се нашол во храната, останува да утврди истрагата.

„На 17.10.2023 во 12 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Известен е јавен обвинител. Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.10.2023 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е добиено известување дека едно од лицата починало и телото е дадено за обдукција“, велат од МВР.

Освен што истрагата треба да утврди како се нашла отровната супстанца во храната, таа треба да даде одговори и како отровната супстанца се нашла во домот на семејството, кога метомилот е забранет за продажба.

„Продажбата на метомил е забранета за употреба кај нас повеќе од 10 години. Нема увоз, не се продава во земјоделските аптеки. Секако, ако било кој има информација дека некаде се врши продажба на метомил, ние ќе постапиме по секоја дојава. Метомилот беше забранет за продажба поради неговата висока токсичност и злоупотребите што се правеа. Сепак, особено кај повозрасните луѓе, останало мислењето дека тоа е најдобар отров. Како доаѓа во земјава, не знам, но ние вршиме редовни контроли и запленуваме секакви пестициди, дури и со поминат рок“, вели за Мета.мк, Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Но, реалноста во земјава покажува дека сепак, на некој начин, оваа супстанца влегува во земјава. Многу често, граѓани сведочат за труење на миленици, со отров поставен на јавни површини, понекогаш дури и во близина на училишни дворови. На социјалните мрежи можат да се видат и коментари со кои се препорачува овој отров за труење кучиња.

 

 
1 of 6

 

 
Принтскрин, Фејсбук
Принтскрин, Фејсбук
Принтскрин, Фејсбук
Принтскрин, Фејсбук
Принтскрин, Фејсбук
Принтскрин, Фејсбук
 

 На сите фотографии и видеа од отруени кучиња, сличноста е таа: зеленкасто-син прашок, оставен на храна и домашни и бездомни кучиња како умираат во рок од 10 минути, со пена од устата, тремор и изразени нервни тикови.

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков за Мета.мк вели дека се соочиле со смртни случаи кај луѓе како последица на употреба на метомил.

„Често станувало збор за самоубиства, но сме имале случаи и на случајно труење како последица на метомилот“, вели Станков.

Студии покажуваат дека метомилот е најчеста причина за самоубиствена смрт, како што хероинот е најчеста причина за случајна смрт.

Целосна забрана во ЕУ, ограничена употреба во САД

 

Метомилот се „раѓа“ во 1966 година како инсектицид со широк спектар, од видот „карбамати“. Се користи и како акарицид за контрола на крлежите и пајаците. Се употребува за фолијарна обработка на зеленчукови, овошни и полски култури, памук, комерцијални украсни растенија во и околу живинарски куќи и млекарници, но и како мамка за муви.

Метомилот е ефикасен на два начина: како „инсектицид за контакт“, бидејќи ги убива целните инсекти при директен контакт и како „системски инсектицид“ поради неговата способност да предизвика целокупно „системско“ труење кај целните инсекти, откако ќе се апсорбира и транспортира низ штетниците кои се хранат со третираните растенија. Поради можноста да се апсорбира од растенијата без да биде „фитотоксичен“ или штетен за растението, наоѓа огромна примена во земјоделството, сè додека не почнат злоупотребите.

Принтскрин, echa.europa.eu

Па така, во тајна операција, во 2010 година државните истражители во Мичиген посетиле 40 трговци на мало со земјоделски пестициди. Четвртина од нив препорачале да се користи мамка за муви базирана на метомил за да се убијат несаканите цицачи.

Пестицидот најчесто се користи за контрола на наездата на муви околу добитокот. Но, во последните години, незаконски се користеше за труење диви животни низ целата држава, се вели во јавниот медиум од Државниот универзитет во Мичиген.

Одделот за земјоделство и рурален развој во Мичиген (MDARD) го ограничува јавниот пристап до метомил, откако ракуни биле труени со метомил измешан со сода.

На овој начин ненамерно биле убиени неколку кучиња. Во 2010 година, ќелав орел умрел откако се хранел со труп на елен отруен со метомил. Цитирајќи ја оваа широко распространета злоупотреба, се издала наредба со која строго се ограничува продажбата и купувањето на производи базирани на метомил на лиценцирани продавачи и апликатори на пестициди.

„Кога ќе го купат тој производ, ќе има запис дека го купиле“, рече Брајан Верхоугстраете, менаџер на одделот за пестициди за MDARD.

„Значи, за некој што има намера да го злоупотреби, тоа може да биде пречка“.

Според Светската здравствена организација (СЗО), употребата на високо опасни пестициди претставува огромен ризик по здравјето, посебно за земјоделските работници и нивните семејства и случајните минувачи кога се прскаат пестицидите. Изложеноста што може да се случи преку вдишување, контакт со кожа или очи, или внесување контаминирана вода и храна, со што се зголемува ризикот од рак и други долгорочни здравствени проблеми, велат од СЗО.

Изложеноста на метомил може да се случи преку голтање, вдишување и контакт со кожата. Првите два начини на изложување (голтање и вдишување) се најтоксични, додека контактот со кожата предизвикува најмала токсичност. Некои здравствени компликации од труење со метомил вклучуваат абдоминална болка, дијареа, повраќање, слабост, стегање во градите и заматен вид.

Во САД сè уште не постои целосна забрана за употребата на метомил, додека во Кина, Велика Британија, Турција и Европската Унија, забраната е целосна. (Мета)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy