Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Балотели: Македонија ми ја предизвика најголемата болка!
Спорт

Балотели: Македонија ми ја предизвика најголемата болка!

20/10/2023

AA

Поразот на Италијанците од Македонија во Палермо, во мундијалскиот бараж, несомнено, го болеше секој Италијанец, но очигледно некои повеќе од други. Еден од оние кои силно ги погодиле тие 0-1 бил Марио Балотели.

Контроверзниот напаѓач не беше дел од репрезентацијата која Роберто Манчини ја извади во Палермо на 24 март 2022 и морал поразот да го следи пред телевизор, без да може ништо да направи.

„Повеќе не ги гледам натпреварите на Италија. Премногу боли што не сум таму. Понекогаш ги мразев луѓето кои работат за националниот тим, но искрено, не можам да ги гледам нивните натпревари затоа што би сакал да бидам вклучен. Му должам многу на Манчини, но и тој на мене. Италија – Македонија ми ја зададе најголемата болка. Мислам дека никогаш не се опоравив од таа тага. Ја презедов одговорноста што не се квалификувавме за Светското првенство, иако не играв, бидејќи некои ‘сенатори’ немаа храброст да истапат“, вели Балотели.

Тој сепак беше дел од поширокиот список на селекторот Манчини и тренираше на подготвителниот камп во јануари, два месеца пред баражот. Сметал дека направил доволно за да биде повикан и да помогне, но…

„По подготовките, Манчини ми рече дека повикот за мене е речиси загарантиран, но после тоа, повеќе не креваше телефон и не ми даде објаснување. Можеби некои играчи не го сакаа Балотели, сигурно тоа не беше негов избор, 100% сум сигурен. Некој од горните катови или некој меѓу играчите повеќе не ме сакаше. Потоа размислував за повлекување од репрезентацијата, но во однос на квалитетот, нема некој друг како мене. Никогаш нема да се откажам од Италија“, додаде 33-годишниот напаѓач.

По неколку сменети клубови, сега се врати во Адана Демирспор, во турското првенство, каде што настапуваше и во 2021/22. Тогаш постигна 18 гола на 33 меча, а сега два на дебитантскиот. Смета дека има уште што да ѝ понуди на Италија.

„Би прифатил да не бидам стартер бидејќи знам дека никој не може да направи разлика повеќе од мене, дури и кога доаѓам од клупата. Спалети е идеален тренер, но уште нема многу време за да ги пренесе своите идеи“, додава Балотели.

Тој има 36 настапи за селекцијата на „аѕурите“ и 14 гола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy