Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026

AA

Случајот со уапсениот 25-годишник од кумановскиот регион, осомничен за серија тешки кривични дела, предизвика силни реакции во јавноста и во локалната заедница. Сè погласни се прашањата дали можеле навреме да бидат преземени мерки за да се спречат трагедиите, со оглед на тоа што во изминатиот период биле пријавувани смртни случаи на повозрасни жени.

Жители од регионот, во реакции што ги пренесува Телма, тврдат дека осомничениот ѝ бил познат на полицијата, но дека не биле преземени соодветни мерки. Според нив, во еден од случаите постоеле и безбедносни камери на објектот, а лицето било снимено и препознаено, но снимките не биле прифатени како доказ, бидејќи камерите не биле претходно пријавени.

„Полицијата, секогаш кога беше пријавуван, го пушташе, со образложение дека имал доказ дека не е психички добар“, изјавил жител на Старо Нагоричане, како што пренесува Телма.

Осомничениот беше приведен по откривање на безживотно тело на постара жена во нејзиниот дом во Старо Нагоричане. По неговото сослушување, било наредено ексхумирање на уште едно тело на помлада жена, која исто така била пронајдена мртва во својот дом. Истражните органи проверуваат и други слични случаи од лани, кога биле пронајдени мртви жени под неразјаснети околности, за да утврдат дали постои поврзаност.

Телма претходно го објави сведочењето на 86-годишна жена која преживеала напад во својот дом. Нејзиниот син отвори прашања за евентуална поврзаност со други случаи и за можноста некој да стоел зад осомничениот.

„Сепак, мора да се утврди како се случило сè, дали дејствувал сам или некој го водел“, изјави тој, како што пренесува Телма.

Според мештани, осомничениот се движел низ селата со велосипед и живеел во заедница во регионот од мали нозе. Локалните жители велат дека имал отежната комуникација, што дополнително ја комплицира сликата за неговото однесување.

Експертите посочуваат дека ваквите случаи можат да се спречат само со навремена и темелна истрага, како и со координирано постапување на институциите.

Од Министерството за внатрешни работи засега не откриваат детали за тековната истрага и за евентуални пропусти во претходните случаи. Од Обвинителството, според информациите објавени од Телма, најавиле дека ќе се утврдува дали има одговорност кај некого. Неофицијално, се истражуваат повеќе случаи од годинава и од минатата година, кои можат да бидат поврзани со осомничениот.

Инаку, во јавноста се појави фотографија од безбедносна камера на која, според извори блиски до истрагата, е забележан осомничениот за серијата убиства што ја потресоа кумановската околина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
Македонија

СО ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ ИЗВЛЕКЛЕ 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Кривични за четворица

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната мрежа за шверцот со марихуана

22/02/2026

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026

Надлежните служби спроведуваат постапка за утврдување на причините поради кои две ретки птици од видот мршојадец биле пронајдени угинати во

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ЛИЦЕНЦИТЕ Министерот Алиу ги соопшти

22/02/2026

Најмалку 6 од 10 лиценцирани компании за производство на канабис во медицински цели, по извршените контроли, се во постапка да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy