Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО „МОДА“ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ДОЖИВЕА РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ ЗА 60 ОТСТО – еве кои други компании се септемвриски добитници
Економија

КАКО „МОДА“ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ДОЖИВЕА РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ ЗА 60 ОТСТО – еве кои други компании се септемвриски добитници

17/10/2023

AA

Месечниот берзански билтен секогаш носи интересни
информации за домашниот деловен свет, а особено за оние компании кои се
котирани на пазарот на капитал.

Септември може да се смета за успешен берзански месец,
бидејќи значајно пораснал прометот на пазарот на капитал. Или, како што говорат
нивните податоци, порастот изнесува дури 196 проценти, што е одличен резултат
особено ако се имаат предвид претходните месеци. Па така, вкупниот септемвриски
берзански промет достигнал 9,4 милиони евра.

Притоа треба да се има
предвид дека растеле и прометот кај класичното тргување, и кај берзанските блок
трансакции, со тоа што блок трансакциите имаат драматичен пораст од близу 300
проценти. Или, преку блок трансакции во септември се истргувале акции во
вредност од 4,4 милиони евра, што во однос на претходниот месец е зголемување
за 299,7 отсто!

Додека, пак, кај
класичното тргување има исто така значаен пораст од дури 140 проценти,
достигнувајќи во десеттиот месец од годината промет од дури пет милиони евра.

Пораст има и кај пазарната капитализација, иако
поскромен, што всушност ја покажува вкупната вредност која би се добила доколку
во исти момент се продадат сите акции на сите котирани акционерски друштва на
Берзата. Па така, пазарната капитализација пораснала за 3,45 отсто или акциите
на сите компании одеднаш вредат на крајот на септември сума од близу 3,7
милијарди евра.

Најголема пазарна капитализација има Комерцијална банка,
па ако одеднаш се продале во последниот ден од септември сите нејзини акции, би
се добила сума од 463 милиони евра.  

Во поглед на тоа која
била најтргувана акција во септември тоа е сигурно акцијата на нашата најголема
банка во земјава, Комерцијална, која учествувала со 65 проценти во вкупниот
промет.

Исто така, како и
обично, големо учество во прометот имаат и акциите на најуспешната фаремацевтска
компанија „Алкалоид“, на која отпаѓа околу 12 отсто од вкупниот промет.

Како трета најтргувана
акција е онаа на нафтената компанија ОКТА, која учествува со безмалку 4 отсто
во вкупниот промет, а меѓу потргуваните биле и акциите на ТТК банка, Макпетрол,
УНИ Банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Битола. Гранит, Тетекс и други компании.

Кои се добитници односно чии акции најмногу пораснале во
септември, берзанскиот билтен говори дека на прво место е светиниколската
компанија „Мода“, која се занимава со текстил, и чија цена на акциите се
зголемила за близу 60 проценти во однос на август. Што ја зголемило толку многу
цената на акциите на МОДА, не може да се каже, бидејќи во своите ценовно чувствителни
информации оваа фирма нема дадено некои посебни образложенија, па дури и
нејзиниот финансиски резултат, на чие образложение всушност се однесува
последната ценовно чувствителна информација што таа ја објавила, е малку послаб
од претходниот.

Втора по раст на акциите е рафинеријата ОКТА, чии пораст
на акциите е 56 проценти во септември. ОКТА беше прашана од Берзата на што се
должат големите ценовни растови на таа компанија, што беше особено актуелно во
период од неколку денови, на што компанијата одговори дека нема никакви
специфични случувања, освен позитивните финансиски резултати што ги бележи оваа
компанија.

Огромен ценовен раст од
54 отсто имаат и акциите на Хотели Метропол Охрид, со што оваа фирма влага во
најбрзорастечките акции на Берзата во претходниот месец.

Солиден раст на цените
на акциите имаат и Цементарница УСЈЕ и Стопанска банка Битола, кои влегле во
првата петорка, а кај Стопанска банка Битола треба да се има предвид дека за
неа беше објавено дека има намера за присоединување со најголемата домашна
банка, Комерцијална банка, што значително го зголеми интересот за акциите на
оваа банка.

Берзанскиот индекс МБИ 10 се зголемил за 1,37 отсто во
текот на септември во однос на претходниот месец.

 Н.Н.Ф.

Фото: Принтскрин Јутјуб ТВ Стар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44938
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy