Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства? МАНУ презентираше предлог стратегија во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
Економија

Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства? МАНУ презентираше предлог стратегија во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

26/02/2025

AA

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини,
се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и
уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо
искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна
фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од
страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев
и научниот соработник д-р Александар Дединец.

Стратегијатаима
за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки
истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на
минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на
Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и
експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална
заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето
со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во
најразвиените земји во светот.

Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за
економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со
минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и
индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во
изработката на овој стратешки документ.

Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања
и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и
заштитата на животната средина. Д-р Дединец додаде дека документот е усогласен
со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе
за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на
стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната
заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој
на рударскиот сектор во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури

04/11/2026

Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy