Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како „Ферари“ на небото: Сив сокол постигнал речиси 390 километри на час
Магазин

Како „Ферари“ на небото: Сив сокол постигнал речиси 390 километри на час

11/07/2024

AA

Сивиот сокол (Falco peregrinus) може да достигне брзина од над 300 километри на час, што го прави најбрзата птица во светот. А, еден од нив постигнал 389,46 км/ч., пренесува „ИФЛ сајенс“ (IFL Science).

– Тој е како „Ферари“ на небото. Сепак, сивиот сокол може да ги достигне овие опасни брзини само кога ќе изведе еден вид „нуркање“ во воздухот познато како ловечки залет, појасни Кен Френклин, пилот, но и љубител и познавач на соколите.

Ловечкиот терен всушност е местото за тој лет во пад, што соколот го користи за да го фати својот плен. Издигнувајќи се далеку над целта што би можела да биде друга птица, тој ги повлекува крилјата заради порамномерен облик, пред да се спушти со клунот надолу, речиси под прав агол.

Дел од секундата пред да ја достигне целта, без разлика дали е на земја или во воздух, соколот ги шири крилјата за да го забави падот и да го промени правецот.

Најголемата забележена брзина што сив сокол некогаш ја достигнал е 389,46 км/ч. Птицата по име „Страшен“ го постигна тоа во американската сојузна држава Вашингтон. Сепак, овој лет е снимен како дел од документарен филм за „Нејшнал џиографик“ (National Geographic). Спуштањето на соколот почнало откако тој бил ослободен од авион на височина од 5.182 метри, далеку повисоко отколку што птица од овој вид вообичаено би летала на небото. Така што, некои орнитолози го оспоруваат тоа дека сив сокол би можел да достигне олку голема брзина во нормални услови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАУТРО ЛАДНО, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Следува период

23/02/2026
Македонија

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси

22/02/2026
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41790
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАУТРО ЛАДНО, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Следува период на стабилно време

23/02/2026

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура е

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси доаѓаат од југ

22/02/2026

Во текот на целата седмица што претстои Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната мрежа за шверцот со марихуана

22/02/2026

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy