Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како ќе функционира „Сејф Сити“ и што ако добиете погрешна казна
Македонија

Како ќе функционира „Сејф Сити“ и што ако добиете погрешна казна

01/02/2026

AA

Со стартот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи воведува нов модел на контрола и санкционирање во сообраќајот, заснован на автоматизирани технолошки решенија. За функционирањето на системот и за механизмите за заштита на граѓаните, говореше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Дневникот на Македонската национална телевизија.

Министерот информираше дека во постојните евиденции за сопственост на возила можно е да постојат неточни податоци, било поради претходно доставени погрешни информации од граѓаните, било поради грешки при внес во системите. Како резултат на тоа, одредени граѓани би можеле да добијат известување или записник за прекршок што не го сториле или за возило што не е во нивна сопственост.

Тошковски нагласи дека во вакви случаи граѓаните ќе имаат јасна и едноставна постапка за исправка. Секој што ќе забележи несогласување ќе може да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка, по што Министерството, согласно законската процедура, ќе изврши проверка и корекција на податоците во рок од 24 часа. Доколку се утврди дека лицето не го сторило прекршокот, нема да биде прекршочно гонето.

Во рамки на новиот систем, како што истакна министерот, воведен е и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе пристапува до записникот преку посебен линк, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се обезбедува дополнителна автентикација и се спречува доставување на чувствителни информации до погрешно лице.

Тошковски посочи дека, и покрај напредната технологија, не може целосно да се исклучи можноста за технички грешки, кои може да настанат поради надворешни фактори како светлина, временски услови или други околности што влијаат врз читањето на регистарските таблички. И во такви ситуации, нагласи тој, граѓаните ќе имаат право да побараат исправка, која ќе биде направена во најкраток можен рок.

„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата суштинска цел е да спасува животи и да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Одговорност треба да сноси оној што го сторил прекршокот“, порача министерот.

Проектот „Безбеден град“ е дел од пошироките активности на Министерството за внатрешни работи насочени кон дигитализација, зголемување на транспарентноста и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави

25/11/2026
Македонија

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи

25/11/2026
Македонија

📽️ 📷 75 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ И ПОЕВТИН РОАМИНГ СО

25/11/2026
Македонија

И НОЌЕ СЕ АСФАЛТИРА АВТОПАТОТ ДО БОГОРОДИЦА Николоски најави модерен

25/11/2026
Македонија

СТРУМИЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Полицијата приведе 21-годишен жител на Струмица

25/11/2026
Македонија

„ПРВО АКЦИСКИОТ ПЛАН, ПА ДРУГОТО“ Мицкоски не отстапува од позицијата

25/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46933
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ 44 Тошковски најави построг институционален

25/11/2026

Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме да се лажеме и да почнеме да зборуваме отворено. Јас ќе говорам со

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави телефонска линија за жртвите

25/11/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе отвори телефонска линија преку која жртвите на семејно насилство ќе можат

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи во западна Македонија, температурите ќе

25/11/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во текот на наредните денови. Најмногу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy