
Кадиров гласаше на претседателските избори во Русија
Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров гласаше на претседателските избори во Русија, а тој и неговото семејство пристигнаа на избирачкото место во селото на предците Ахмат-Јурт.
„Луѓето излегуваат на избори со празнично расположение, избирајќи ја својата иднина за шест години. Народот очекува добри резултати“, вели Кадиров во видеото, пренесува РИА.
Според податоците на изборната комисија на Чеченија, на територијата на републиката се отворени 514 избирачки места, меѓу кои и четири привремени, кои биле формирани на територијата на воените единици.
Излезноста на гласачите во Чеченија во 15 часот по локално време на вториот ден од гласањето беше поголема од 75 отсто. Денеска е вториот ден од гласањето на претседателските избори во Русија, закажани за 17 март 2024 година.
За функцијата претседател се натпреваруваат четворица кандидати регистрирани од Централната изборна комисија на Русија: Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и Владимир Путин.