Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каде ќе ја гради Вице Заев првата фотоцентрала?
Економија

Каде ќе ја гради Вице Заев првата фотоцентрала?

17/05/2023

AA

Првата фотоцентрала што ќе ја изгради Солар Грин Енерџи  на Вице Заев и Панче Заев, братот и таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, ќе биде со моќност од 315 киловати и ќе биде поставена на кров од објект.

Фирмата за производство на електрична енергија, регистрирана лани во октомври, го поднесе првото барање за издавање на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, а истото е објавено на 15 мај.

„Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со
седиште ул. Гоце Делчев бр.113 Струмица, на 10 мај 2023 до Регулаторна комисија за енергетика и
водни услуги на Република Северна Македонија поднесе Барање УП1 бр.12-314/23 за издавање на
лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска
електроцентрала ФЕЦ „СОЛАР ГРИН 3“ со инсталирана моќност од 315 kW. 

Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со
барањето достави, Решение за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична
енергија на кров од постоечки објект “СОЛАР ГРИН 3” со моќност од 315 kW на КП бр. 2077/2 (на дел
од објект бр.1 и на дел од објект бр. 2) КО Струмица“, објави РКЕ.

Решението за изградба е издадено од 25 ноември 2022 од Општина
Струмица.
Целта за стекнување на лиценцата e производство на електрична енергија за продажба на
слободниот пазар.
Бараното времетраење на лиценцата е 35 години, дополнува РКЕ.

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, е управител на Солар Грин Енерџи, чиј сопственик е Панче Заев. Сега е јасно дека оваа компанија ќе го користи сонцето како обновлив извор на енергија за производство на струја.

Солар Грин Енерџи може да се каже дека е втора фирма во потесното семејство на Зоран Заев во бизнисот со електрична енергија, покрај Тотал Енерџи на синот Душко Заев.

Власта неодамна објави дека во последниот период се инсталирани 283 мегавати зелена енергија 283 мегавати, а од нив, 200 мегавати се инсталирани и веќе вклучени на мрежата само во изминатите година и три месеци.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy