Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кацарска: Сметам дека Упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот
Македонија

Кацарска: Сметам дека Упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот

28/06/2023

AA

Сметам дека Упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот, има одредби кои го кршат Уставот, рече претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на денешниот брифинг со новинарите.

Во врска со оформувањето на предмет по сопствена иницијатива, во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на „Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги”, Кацарска информираше дека предметот е поделен кај судија известител.

– Предметот е поделен кај судија известител и е определен советник кој ќе работи по предметот, изјави Кацарска, со надеж дека истиот за брзо ќе биде ставен на седница.

На прашањето дали предмет на иницијативата ќе биде само подзаконскиот акт или и делот од Законот за матична евиденција, таа рече дека не знае каква одлука ќе биде донесена и нагласи дека оформен е предмет само за упатството.

– Дали во текот на постапката ќе се осврнеме и на законот или во меѓувреме ќе има иницијатива, или евентуално ние ќе оформиме предмет и за законот, тоа е нешто за кое можеме да разговараме после тоа. Во оваа фаза е оформен предмет за упатството, што понатаму, ќе видиме, рече таа.

Во текот на вчерашниот ден од политичката партија Левица известија дека подготвиле Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Упатството за водење на матична евиденција донесено од страна на Министерот за правда, на 29 мај 2023 година, со кое се воведува нова графа „националност“ во изводот од матична книга на родените, венчани и умрени. Спротивно на тоа, од Уставен суд на денешниот брифинг изјавија дека досега не пристигнала ниту една иницијатива од било која партија во врска со иницијативата.

Кацарска информираше дека моментално се работи на предметите за Коридорот 8 и 10Д и предметот за превозот на средношколците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy