Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кабинет на Андоновски: Кога ќе се потврдат лагите на СДСМ, да бидат подготвени за пријави за клевета и навреда!
Македонија

Кабинет на Андоновски: Кога ќе се потврдат лагите на СДСМ, да бидат подготвени за пријави за клевета и навреда!

12/03/2025

AA

Оттука, ја поздравуваме одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги доставиме веднаш штом бидат побарани од Министерството, велат во соопштение до јавноста од министерството за дигитална трансформација.

„Јавноста не е со кратка меморија за каква што ја смета Кузеска и СДСМ. Свежи се сеќавањата за грабежот и безредието од владеењето, кога тогашната Власт имаше свои омилени фирми на тендерите, и оние кои се склучуваа во 4 очи во АД ЕЛЕМ, МВР, Министерство за одбрана и ФИТР. Долга е листата на коруптивни скандали кога е во прашање владеењето на СДС со ДУИ, криминалот со јавните набавки е знак за распознавање на ова дуо.

Тоа е причината за расфрлањето со лаги, за да се покрие откривањето нови случаи во ФИТР, но и во Управата за матична евиденција. Што се однесува на случајот со јавната набавка во МДТ, СДСМ веќе трет ден се обидува да ја манипулира македонската јавност. Убедени сме во законитоста на постапките и стоиме на располагање на сите надлежни за целосно расчистување на случајот со информации и документи за оваа или други процедури за јавни набавки, за што повика и Министерот на прес конференцијата.

Јавните набавки во Министерството се прават на начин кој заштедува и до 40% од средствата на граѓаните, во постапки за кои нема жалба затоа што се водат законски, транспарентно и отворено. Во понатамошниот период нема да го коментираме овој случај, за да се остави простор и објективност на ДКСК и другите институции во постапувањето и за да се избегне било каков потенцијал за влијание.

Кога ќе се потврди дека Министерот Андоновски нема никаква вмешаност во криминал, корупција или судир на интереси, како што набедува и клевети СДСМ, Богданка Кузевска и нејзината партија треба да бидат подготвени за пријави за клевета и навреда“, се вели во соопштението на министерството за дигитална трансформација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Џуљиан Шабани е избран за заменик-директор на МРТ

13/07/2026
Македонија

Девет пријави за семејно насилство за едно деноноќие – седум

13/07/2026
Македонија

Седум лица уапсени во Скопје, Прилеп и Боговиње – пронајдена

13/07/2026
Македонија

Обвинителите бараат реакција од Уставниот суд: Намалувањето на платите ја

13/07/2026
Македонија

Во мај Македонија ја посетиле над 131.000 туристи, најмногу од

13/07/2026
Македонија

ИЈЗ предупредува: Климатските промени го зголемуваат ризикот од болести што

13/07/2026
Македонија

Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата

13/07/2026
Македонија

Почина 56-годишник од Миладиновци по пад од тераса, телото предадено

13/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44356
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Џуљиан Шабани е избран за заменик-директор на МРТ

13/07/2026

Македонската радио-телевизија го комплетираше раководниот тим откако Програмскиот совет ја заврши постапката за избор на заменик-директор на јавниот сервис. По

Девет пријави за семејно насилство за едно деноноќие – седум лица приведени

13/07/2026

Во текот на изминатото деноноќие полицијата евидентирала девет случаи на семејно насилство на различни локации низ државата. Во акциите на

Седум лица уапсени во Скопје, Прилеп и Боговиње – пронајдена марихуана

13/07/2026

Полициски акции спроведени во текот на изминатото деноноќие во Скопје, Прилеп и Боговиње резултираа со приведување на седум лица, кај

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy