
Кјелини емотивно се збогуваше од фудбалот: Ти беше моето сѐ… (ВИДЕО)
Кјелини преку социјалните мрежи со видео и емотивна порака објави крај на кариерата.
„Ти беше најубавото и најинтензивното патување во мојот живот. Ти беше моето сѐ. Со тебе поминав уникатен и незаборавен пат. Но сега е време за старт на нови поглавја, соочување со нови предизвици и пишување на понатамошни важни и возбудливи страници од животот“, напиша Кјелини.