Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Извршители по трет пат „удрија“ по Пелагонија Енерџи
Економија

Извршители по трет пат „удрија“ по Пелагонија Енерџи

15/10/2024

AA

Извршителот од Битола, Николче Диневски, го заплени уделот од 100 отсто на земјоделскиот комбинат АД „Пелагонија“ во биогасната централа Пелагонија Енерџи од Логоварди.

Во информацијата на „Централен регистар“ пишува дека станува збор за два посебни налози за заплена на уделот, издадени од 10 октомври и дека во случајов ЗК Пелагонија е должник, кој не подмирил долг од околу 350.000 евра. 

Засега не се знае кому му ги должи акционерското друштво овие 19.086.642 денари во едниот налог и 2.844.262 денари во другиот налог, односно кој е доверителот кој ја бара наплатата на ова побарување.

Извршителот Диневски пред точно две години исто така го заплени целосниот удел на АД „Пелагонија“, едно од најголемите акционерски друштва што коtира на македонската берза, што го има во најпознатата биогасна централа за производство на електрична енергија.

„Пелагонија “ тогаш реагираше преку „Македонска берза“ дека изршителот ја изложил компанијата на непотребен репутациски ризик со тоа што запленил удел кој е со многу повисока вредност од реалниот долг. Извршителот пак се правдаше дека се решил на таков потег затоа што не можел да наплати од сметката. Друштвото извести дека веднаш бил платен износот што бил предмет на извршување по што всушност и била повлечена забраната за располагање со сопственоста врз уделот.

Инаку институтот заплена на удел значи забрана за негово идно располагање, но не значи и промена односно одземање на неговата сопственост ниту значи промена на неговата вредност.

Гасната централа на ЗК „Пелагонија“ има производен капацитет од 6 мегавати и е постројка што не ја загадува животната средина туку напротив обезбедува чиста животна средина. Како гориво за производство на струја го користи метанот кој низ природен процес се добива од шталскиот органски отпад од говедарските фарми на земјоделскиот комбинат.

„Пелагонија Енерџи“ генерира значајни извори на средства за својата фирма мајка ЗК „Пелагонија“ која е единствен сопственик на удели во компанијата. 

„Пелагонија Енерџи“ минатата година со 9 вработени имаше приходи од 9 милиони евра. Најголеми удели во фирмата-сопственик имаат „Софија Градба“, „Нова Агро Инвест“, Златко Пирузе и Цветан Панделески.

Уделот на „Пелагонија“ во фирмата-ќерка беше „нападнат“ од извршител и во 2018 поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

Во 2016 година кога сопствениците во придружба на претставници од тогашната власт ја сечеа црвената лента беше кажано дека инвестирани се 20 милиони евра во централата која е врзан систем со современата фарма од каде се набавува суровини за работа

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
Македонија

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф

16/02/2026
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците да го почитуваат дигнитетот и

16/02/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ги повикал координаторите на пратеничките групи да им пренесат на пратениците дека треба да го

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И НЕ ГИ ВРАЌА Обвинителството поведе

16/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело Затајување. „Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy