Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?
Економија

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?

15/10/2024

AA

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?

Компанија која постои веќе 35 години, според достапни расположливи податоци, е субјект што ќе исплати наголема дивиденда по акција во нашата 30 годишна корпоративна историја

Ова вест која веројатно долго време ќе остане запишана во аналите на македонската корпоративна историја. Во овие 30 години постоење на берза и тргување со акции во Македонија не се случило компанија на своите акционери да им подели дивиденда во вредност од 1.985 евра за секоја акција со право на глас и право на дивиденда.

Всушност станува збор за следново: скопската авторска агенција „Патентенцентар – консалтинг“ АД од Скопје ќе подели дивиденда во вкупен нето износ од 197.500 евра на своите акционери. Компанијата има 100 акции (гласачки права) и секоја од нив на сопственикот му носи нето дивиденда во износ од 1.985 евра односно 122.088 денари за секоја акција. Сите објавени детали за одлуката за доделување на најголемата дивиденда по акција во македонската историја се достапни на следниот линк https://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%9F%D0%90%D0%A2%D0%95%D0%9D%D0%A2%D0%A6%D0%95%D0%9D%D0%A2%D0%90%D0%A0-%D0%9A%D0%9E%D0%9D%D0%A1%D0%90%D0%9B%D0%A2%D0%98%D0%9D%D0%93%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%9A%D0%9E%D0%9F%D0%88%D0%95%20-%20%D0%9E%D0%91%D0%88%D0%90%D0%92%D0%90%20202420240930084647.pdf

Компанијата „Патентенцентар – консалтинг“ при пребарување на интернет излегува како компанија посредник за заштита на интелектуална сопственост. За сите заинтересирани повеќе детали за нивната работа има на следниот линк https://www.patentcentar.mk/

На нивниот сајт пишува дека се прва македонска приватна агенција за интелектуална сопственост основана во сега веќе далечната 1990 година. Пишува дека од основањето досега дале услуги на повеќе од 35.000 поединци и на над 4.500 правни лица од областа на науката, образованието, уметноста и на медиумите за масовна комуникација.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy