Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Известувањата на Фактор во случајот Телеком се засновани на информации кои се дел од јавна постапка
Економија

Известувањата на Фактор во случајот Телеком се засновани на информации кои се дел од јавна постапка

14/02/2025

AA

Редакцијата на „Фактор“ следи теми од јавен интерес и нив ги презентира
пред своите читатели на професионален начин и базирано на информации кои се јавно
достапни. Имајќи ја предвид објективноста, на 10.02.2025 година објавивме во
целост реакција на текст објавен на
03.02.3035 година под наслов: „Извештајот на Судскиот совет за начинот на кој било судено во случајот на
Телеком во завршна фаза – на јавна седница ќе се разгледуваат предлог-мерките“ и
на текстот од 07.02.2025 година под наслов „Обвинителството работи
на истрагата за случајот на Телеком, на потег се судиите од Судскиот совет“.

Сите податоци што се дел од споменатите текстови поврзани со оваа тема се
јавни, односно се дел од постапка која се води пред Судскиот совет на РСМ, која беше јавна. Се работи за седницата на Судскиот совет со реден број 497,
одржана на 05.09.2024 година и таа е јавно објавена и може да се проследи на
Јутјуб каналот на МИА преку следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=UvO3Rp9aZv0. На снимката од наведената седница се
споменуваат и други околности околу овој случај, помеѓу кои и споменатите
наводи за постоење на два судски записници.

Освен тоа што постапка што се водеше
пред Судскиот совет е јавна, сите
документи и записници од неа се објавени и достапни на веб-страницата на
Судскиот совет (линк). Во нив, покрај другото се објавен и идентитетот
на опфатените лица во овој предмет.

Во заклучокот на извештајот од седницата на Судскиот совет со реден број 497
кој е јавен (со наслов: ИЗВЕШТАЈ ЗА
КОНСТАТИРАНА СОСТОЈБА ПО ПРЕДМЕТОТ НА А.С.С. ТСЖ) меѓу другото стои: 

Во конкретниот случај постојат неколку
отворени прашања и различни изјави на судиите за суштински прашања и тоа:

1. Предметот согласно годишниот распоред
требало да биде рефериран во советот со кој претседава судијата М.Д.Г.
Предметот е рефериран на 05.06.2024 година, а судијата М.Д.Г. била на
боледување до 06.06.2024 година.

2. Судиите Ј.А.Б. и судијата Н.С.Д. даваат
различни изјави во врска со тоа како гласала судија Ј.А.Б. на 04.07.2024
година, односно дали истата не се произнела како што тврди таа или гласала за
одлуката така како што е донесена.

3. Кога за прв пат судијата Ј.А.Б.кажала
дека го менува своето мислење, дали при потпишување на записникот на 11.07.2024
година или на 17.07.2017 година.

4. Дали е креиран записник на 11.07.2024
година во канцеларијата на судијата Н.С.Д. од страна на истиот судија, со
издвоено мислење на судијата Ј.А.Б. да се потврди првостепената пресуда.

5. Не е јасно зошто во папката со списите на предметот
ТСЖ.бр. е споена вонсудска спогодба склучена помеѓу Друштво за К.У. М.О.Л.
ДООЕЛ Скопје и М.Т. АД Скопје со назнака „доверливо“ заведена во М.Т. АД за e.к. Скопје под бр., која не е изведена како доказ во текот на постапката.
Ова од причина што се работи за доверлив документ кој не е изведен во
текот напостапката како доказ, Комисија заради заштита на тајноста на
податоците него го затвори во посебен плик.

6. Имајќи ги предвид сите погоре
наведени прашања и фактот дека за да се даде одговор на некои од нив е
потребна детална истрага која е надвор од ингеренциите на Судскиот совет,
работната група смета дека овој извештај треба да биде проследен до ОЈО С.“

Бидејќи овие документи се јавни, секој медиум има право да ги презема и да
ги смета за релевантен официјален извор.

Инаку „Фактор“ веќе објави дека Основното јавно обвинителство работи на
истрагата за предметот во кој Апелација ја преиначи одлуката на првостепениот
суд и пресуди „Телеком“ да плати оштета на фирмата „Фокус нет“.

„Проверките се во тек, прибавен е дел од
документацијата и се анализира. Се прибавуваат и вербални искази“, велат од
ОЈО.

Истрагата во ОЈО за предметот почна откако вицепремиерот и министер за
транспорт и врски Александар Николоски го испрати предметот за натамошно
разгледување. Државата има удел од 35 отсто во Телеком, па одлуката на Апелација ќе
има и буџетски импликации. Се очекува РСС да
закаже јавна седница на која ќе се расправа за евентуални мерки за начинот на
постапување во овој предмет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy