
Израелската армија потврди дека го уапсила директорот на болницата Камал Адван
Израелската војска соопшти дека ја завршила операцијата во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, откако тие упаднале во установата во петокот, принудувајќи ги пациентите и персоналот да се евакуираат, објави Ал Џезира. Во соопштението објавено на Телеграм, војската соопшти дека привела повеќе од 240 лица. Во петокот израелските сили запалија делови од болницата. […]
