Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗНАЈМИЛА СТАН ЗА САЛОН ЗА ВЕНЧАНИЦИ, ПА ДОНЕЛА КОПАЧИ – Детали за тунелот под судот во Подгорица
Регион

ИЗНАЈМИЛА СТАН ЗА САЛОН ЗА ВЕНЧАНИЦИ, ПА ДОНЕЛА КОПАЧИ – Детали за тунелот под судот во Подгорица

15/09/2023

AA

Според последните информации на црногорските медиуми, станот од кој е ископан тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го изнајмила жена.

Како што пишуваат црногорските медиуми, станот кој бил изнајмен се наоѓал во подрумската зграда на улицата Његошева во Подгорица, од која криминалците по кои трага полицијата ископале тунел долг 30 метри што води до депото на Вишиот суд во Подгорица, пишува „Курир.рс“. 

Дополнитело било утврдено дека изнајмувач на станот е жена, која на сопственикот на станот му покажала фалсификувани документи и објаснила „дека и треба затоа што сака да отвори салон за венчаници“.

– Наводно, 2.800 евра биле однапред дадени за двомесечен закуп на ненаместен стан, во кој има две соби – пренесува порталот Либертас. 

Од депото на Вишиот суд во Подгорица, според неофицијалните информации на порталот Борба, украдени се три пиштоли кои биле докази во постапката против членови на кавачкиот клан за убиства извршени во 2015, 2016 и 2020 година.

– Од депото исчезнаа три пиштоли што ги користеле во пресметки меѓу криминални кланови, односно ги користеле членови на кавачкиот клан во пресметките со „Скалјарци“ – наведуваат оттаму.

За потсетување, ноќта помеѓу понеделникот и вторникот беше откриена дупка на ѕидот од просторијата каде што се депонираат докази од кривични предмети. Набрзо било утврдено дека дупката е влез во тунел долг 30 метри, кој води под улицата до изнајмен стан во подрумот, во зградата спроти судот. Инспекторите веднаш влегле во станот и утврдиле дека во него се уште има траги од нечистотија, но експертите тврдат дека е исфрлена поголема количина, најверојатно во вреќи. Веднаш бил сослушан сопственикот на станот, кој кажал дека кон крајот на јули го изнајмил на непознати лица, а брзо било откриено дека и дале фалсификувани документи на увид.

Мотивот за копање на тунелот засега е обвиен со мистерија. Според едната верзија, се работи за кражба на докази од депото, втората е киднапирање на еден од осомничените, а третата е ликвидација. Меѓутоа, претседателот на судот во средата објасни дека е малку веројатно некој да инвестирал во копање тунел од 30 метри за да украде докази „бидејќи веќе се вештачени и не можеле да влијаат на судската постапка“. Депо-собата, како што појасни, се наоѓа веднаш до просториите за притвор во кои престојуваат осомничените кога се носат од притвор во суд.

– Во копањето на тунелот најверојатно учествувале шест лица. Најверојатно, станува збор за лица кои не се државјани на Црна Гора, односно се државјани на држави од регионот – објавија црногорските медиуми, без да прецизираат дали осомничените имаат врски со Србија. Според нивните извори, се трага и по сторителите, а врз основа на расположливите докази било наредено и создавање фотороботи „копач“. Извори од истрагата открија дека со прегледување на снимката било утврдено дека четворица од шестмината осомничени биле континуирано маскирани со капи.

– Во тунелот се пронајдени куршуми, а преземени се и снимки од безбедносните камери на околните згради околу судот, кои се уште се прегледуваат и би можеле значително да помогнат во идентификацијата на оние кои го ископале тунелот – откриваат тие.

Во средата доцна попладне, пронајдено е и комбе за кое постои сомневање дека е употребено, а во станот од кој почнале да копаат биле пронајдени и други докази кои укажуваат на сторителите. Медиумите објавија дека полицајците забележале дека некој допирал предмети поврзани со постапката против бегалците на „кавачкиот клан“ Слободан Кашчелан и Радој Звицер и дека дури тогаш била откриена дупката на ѕидот.

Неофицијални извори откриваат дека тунелот од станот до судницата бил прооден, но дека пополно лице не можело да помине низ него. Откриле дека во некои делови тунелот бил обложен со дрвени носачи кои биле зајакнати со пур-пена.


Фото: Влада Црна Гора

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОБАРАЛ ПАРИ ЗА „МИРНО РЕШАВАЊЕ“ НА ТЕПАЧКА И ЗАДРЖАЛ 500

15/04/2026
Македонија

НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција

15/04/2026
Македонија

ПО 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ГРАБНУВАЧИ ОД КОРЕШНИЦА Го

14/04/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ЗАПАЛИ НА ПЛЕТВАР Нема информација за повредени

14/04/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа во Скопје: Две лица повредени на булевар „Словенија“

14/04/2026
Македонија

Ахмети: Македонија не може да преживее без Албанците!

14/04/2026
Македонија

Ивановски: Сигурен сум дека не само роботи, туку по некое

14/04/2026
Македонија

📷 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА Двајца повредени

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42483
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОБАРАЛ ПАРИ ЗА „МИРНО РЕШАВАЊЕ“ НА ТЕПАЧКА И ЗАДРЖАЛ 500 ЕВРА Полицаец од Струмица заработи

15/04/2026

Полицаец од Струмица е осомничен дека посредувал во случај на нарушен јавен ред и мир и побарал пари за „мирно

НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција на пресот на Филипче

15/04/2026

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот

ПО 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ГРАБНУВАЧИ ОД КОРЕШНИЦА Го измачувале за да признае дека

14/04/2026

 Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy