Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изминатото деноноќие во Македонија вкупно 18 пожари, сите се изгаснати!
Македонија

Изминатото деноноќие во Македонија вкупно 18 пожари, сите се изгаснати!

21/09/2023

AA

Пожари на отворено утрово нема – сите 18 се изгаснати, според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Противпожарните тимови со целодневен ангажман, некаде и заедно со месното население сите ги изгаснале.

Изгаснатите 18 пожари настанале во сите делови на државата, а во некои општини имало и по неколку пожари на отворено, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една плевна и гореле и неколку депонии.
Конкретно, пожарите се случиле во:
Општина Зелениково, с.Орешани (каде што горела ниска вегетација и мешана шума); Општина Аеродром, с.Долно Лисиче (ниска вегетација); Општина Сарај, с.Бојане (ниска шума и вегетација); Општина Ѓорче Петров, с. Никиштане (ниска вегетација); Општина Битола, помеѓу селата Рапеш и Маково (ниска вегетација и шума); Општина Василево, с.Василево (ниска вегетација); Општина Ресен, с.Долно Дупени (ниска вегетација и плевна); Општина Кривогаштани, с.Бела Црква (ниска вегетација и депонија); Општина Василево (2), кај с.Градашорци и бензинска пумпа „Тритерол“ (ниска вегетација) и кај стариот пат с.Радичево и с.Дукатино (ниска вегетација); Општина Струга, с.Долна Белица (ниска вегетација); Општина Желино, с.Желино (ниска вегетација); Општина Врапчиште, с.Градец (ниска вегетација); Општина Виница, Виница (депонија); Општина Кочани, с.Грдовци (ниска вегетација); Општина Карбинци, с.Радање (ниска вегетација) и во Општина Куманово (2), кај с.Бедиње и с.Шупли Камен (каде што горела ниска вегетација).

Територијалните Противпожарни единици (ТППЕ) интервенирале и на неколку помали пожари на запалена сува трева во урбаните и населени места, а паралелно со тоа гаснеле и пријавени пожари на објекти во градовите и населените места.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира граѓаните да се воздржуваат од палење оган на отворено, а ако забележат пожар или, пак, друга опасност по граѓаните, а и по природните и материјаните добра во државата, едноставно да го пријават тоа на Единствениот телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК. Потоа ЦУК ги презема активностите со коишто се остваруваат неговите задачи за координација со другите инстисуции во државата, односно со субјектите на Системот за управување со кризи (СУК).

Големата улога на медиумите во подигање на јавната општествена свет за поголема безбедност од пожарите и од другите опасности за граѓаните, е неодминливо да се посочи дека е на високо ниво, при што, ЦУК, повеќе пати истакна дека со тие секојдневни активности преку нивната 27/7 целогодишна работа медиумите покажуваат, а и остваруваат, голема општествена одговорност во областа на справување со кризите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична

17/08/2026
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

17/08/2026

Цените на горивата од утре повторно растат. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба

17/08/2026

Уште еден пациент заразен со вирусот на Западен Нил починал во текот на викендот, со што бројот на смртни случаи

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy