Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Измамници нудат тргување со криптовалути низ Македонија – не наседнувајте!
Македонија

Измамници нудат тргување со криптовалути низ Македонија – не наседнувајте!

24/02/2025

AA

СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал, деновиве бележи зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути и ветуваат висока и брза заработка.

Измамниците комуницираат со жртвите користејќи броеви кои, обично изгледаат како локални броеви но и броеви со странски префикс се со цел, да стекнат доверба.

Во текот на разговорот, ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап (AnyDesk, SupremoMobile и останати апликации), под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување и да им помогнат околу креирање на свои профили, ги наведуваат дека може да помогнат во процедура за подигнување на брзи кредити од локалните финансиски друштва (најчесто користено финансиско друштво е ИУТЕ кредит од причина што имаат свој “банкомат“ од каде жртвата ги подигнува паричните средства.

Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство на жртвата и ги префрлаат паричните средства  а контактираните граѓани, остануваат без средства пред да сфатат дека се измамени со што,  штетите се значително големи.

Апелираме, граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица и лица со странски телефонски броеви кои лажно се претставуваат и нудат финансиски совети преку интернет.  Покрај ова, тие на оштетените им кажуваат дека имале голема сума за подигнување како наследтво и слично.

Посочуваме, со цел да не бидат злоупотребени, граѓаните да не наседнуваат на било какви понуди на овие лица, да не ги следат нивните насоки и да не остават свои лични и други податоци или службени информации. Поради комплексниот начин на истрага, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите. Воедно, потсетуваме дека информациите за постоење на сомненија за овој вид измами, навремено да се пријават до СВР Охрид.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy